- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Министре Спасовски нека тие простено од Бога, ние како синдикат не ти простуваме!

СПМ - Работник
289views

Соопштението на Синдикатот на полицијата во Македонија ви го пренесуваме интегрално:

Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Синдикат на Полиција во Македонија го честита празникот на сите верници кои го слават. Проштевањето е основна христијанска карактеристика и затоа на овој ден треба да си подадеме рака и да си ги простиме грешките еден со друг.

Нема човек кој не погрешил и само со прошка и признавање на своите слабости ќе можеме во мир и благосостојба да ги пречекаме пораките на овој празничен ден. Знаеме и веруваме дека само меѓусебното помирување и верба ќе ни донесе хармонија и напредок на нам лично но и на нашата татковина Македонија. Да не дозволиме поделбите да се наше секојдневие, денес во време кога за жал нашето општество е премногу поделено, кога имаме мачно секојдневие и премногу омраза, кога неправдата станува основа на прогон и кога е загрозена сигурноста.

За жал по кој знае кој пат мораме повторно јавно да констатираме дека додека Министрите од другите Министерства работат и се залагаат за нивните вработени за подобрување на нивните услови за живот, работа и пред се за ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, нашиот Министер Оливер Спасовски  е најдобар и упорен во неговата намера истото да не го направи за припадниците на Министерството за внатрешни работи.

По кој знае кој пат, мораме повторно да ги запрашаме вработените во МВР, дали имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА???

По кој знае кој пат да го потсетиме нашиот “најдобар министер” (Министер со најдобра реклама во поновата историја) дека токму тој пред неколку години наназад ја “создаде” и секојдневно ја промовираше паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“.

Па одтука повторно ќе го запрашаме како прв човек во Министерство за внатрешни работи дали и сега одкако по кој знае кој пат, одкако повторно и сега ја заборави Полицијата, смета дека самиот има ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?

Но, реалноста е дека создаде состојба од катастрофални размери во самото Министерството, која што состојба нема и многу тешко ќе се исправи во годините пред нас.

Како и да е на вработените во одбраната, во здравствениот сектор, а сега и на судската и на затворската полиција, ИСКРЕНО ИМ ЧЕСТИТАМЕ за зголемувањето на платите и на новите униформи. Барем има кој да се грижи колку толку за Вас.

И на овој голем ден за жал вработените во Полицијата кои што секогаш и секаде се во првите редови, и понатаму остануваат со стари и искинати униформи и со 0% покачување на плата. Ете тоа неможеме да ти го простиме Оливер затоа што ти си највиновен за тоа. Не можеме да ти простиме затоа што:

  • Веќе претера со се,
  • Секојдневно се зголемува бројот на вработени кои не можат повеќе да трпат,
  • На вработените им е преку глава им е од твоето НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ,
  • На вработените им е преку глава од НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА,
  • На вработените им е преку глава од НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА КОМИСИИТЕ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ,
  • Не можеме да ти простиме бидејќи работите НИКОГАШ не биле полоши во Министерството како што се сега, меѓучовечките односи никогаш не биле толку лоши како што ги создаде ти со своите поставени раководители,
  • Не ти простуваме затоа што воопшто во пракса не го спроведувате она што милувате да го презентирате пред јавноста кое во овој момент е мисловна именка во Министерството : РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА
  • Не ти простуваме затоа што со твоето незаконско работење се појавија илјадници тужби и секојдневно нивниот број расте,
  • Не ти простуваме затоа што ЛАЖЕШ дека „Создаваш модерна, опремена, стручна, ефикасна но и задоволна полиција, која ќе биде блиску до граѓаните“ .
  • Не ти простуваме затоа што од правните служби наместо спроведување на правото направи невидена негова селективност,
  • Не ти простуваме затоа што најголем број од раководителите по СВР и РЦ сеат страв кај колегите со стотици и стотици измислени дисциплински,
  • Не ти простуваме затоа што наместо да се фатиш за вистинските предизвици, го отепа народот со сообраќајни казни и казни за маски,
  • Не ти простуваме затоа што полициските службенициги ги стави во категоријата, “ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ“,
  • Не ти простуваме затоа што сеуште нема никакви основни средства за работа во Полицијата,
  • Не ти простуваме затоа што за помалку од една година повеќе од 2.500 полициски службеници се распоредени надвор од местата на живеење,
  • Не ти простуваме затоа што во работните простории на Министерството нема сапуни, тоалетни хартии,
  • Не ти простуваме затоа што не престана да ги прогонуваш синдикалните преставници,
  • Не ти простуваме затоа што СПМ уште првиот ден од твоето доаѓање го прогласи за најголем непријател,

И како КРУНА на твоето неработење Министре Спасовски, вчера на перфиден начин ја обезимени и понижи нај елитната единица и досегашната гордост на МВР, Единицата за специјални задачи „Тигар“ Тоа НИКОГАШ НЕМА ДА ТИ ГО ПРОСТИМЕ!

Министре Спасовски нека ти е простено од бога, Ние како Синдикат не ти простуваме.

Синдикат на Полиција во Македонија