МакедонијаПравдаСветот на работникот

СПМ: Можеш да се фалиш колку сакаш, лага е дека платите во Полицијата си ги качил

Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија 

Добар ден Г-дине почитуван и најдобар “EVER” Министер Oliver Spasovski 🤒.

За вас секако е добар но за нас веќе одамна не ни е, а посебно од 2016-та. Има едно прашање за Вас после ВАШАТА ФАЛБА како потпретседател на политичка партија во последната партиска трибина дека, како што убаво кажавте, платите во сите сектори сте ги покачиле од 2016-та и тука ја наброивте и ПОЛИЦИЈАТА⁉️

‼️Прашање: Кој ЕКСПЕРТ треба да го ангажираме за да ни потврди дека платите во полиција се покачени‼️⁉️
Бидејќи и покрај нашите пресметки, споредувања и анализи на платите во изминатиот период ние не најдовме никакво покачување. Да не случајно сте не замениле со СУДСТВОТО, бидејќи нивните плати се покачени три години по ред?! Или некаква забуна имате со тоа што потрошивте еден куп пари за да им обезбедите уште повеќе пари на судски буџет од џебовите на граѓаните со купувањето на радарите од 350000 евра?
Г-дине НАЈДОБАР министер, ова Ваше тврдење или реклама, како сакате наречете го, Е ЛАГА И МАНИПУЛАЦИЈА со јавноста и ние како Синдикат кој се грижи за работниците сме должни да го објавиме.Не му доликува на Министер на оваа институција да се служи со такви лажни информации.
ВО ПОЛИЦИЈА ПЛАТИТЕ НИТИ БИЛЕ НИТИ СЕ ПОКАЧЕНИ ОД 2016-ТА ГОДИНА откога ТИ СИ МИНИСТЕР‼️🤒

Но вие тоа го тврдевте како потпретседател на политичка партија или како Министер за внатрешни работи? Збунувачки е тоа затоа што не знаеме на кој му се обраќавте, дали промовиравте партиска програма или пак ги известувавте вработените на МВР за нешто што очигледно не ПОСТОИ! Зошто не направите трибина и да дадете увид во тоа што остваривте од стратегијата за унапредување на МВР 2016-2020 која вие ја составивте и потпишавте?Ама знаете дека нити 5 % од тоа не воведовте.Чија одговорност е тоа ако не Ваша? И сега на ваков петпарачки говор си ги миете рацете пред народот? Или Министерот Спасовски и Потпретседателот Спасовски не се иста личност‼️

Г-дине Министер, ги поминавте сите граници со Вашето игнорирање и самоволие дури и на законите кои се наменети исклучиво за МВР, а не само на генералните. Не само што ни ги погазивте сите права како работници, сега се служите и со невистини за да прикажете слика која не постои.Престанете да си играте со човечки судбини и животи, а тоа е токму она што вие го правите со вашиот вечен подобен партнер “единствениот” МПС.

Кога сме веќе кај нив, што се случи со најавениот НОВ УНАПРЕДЕН ЕВРОПСКИ ДОГОВОРЕН СОСТАВЕН И ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР??? Кога ќе биде официјализиран? Или се премисливте бидејќи наидовте на отпор и шамари буквално од сите страни? А можеби ќе си дозволите уште поголем скандал па ќе го преправите?🤧 Ние нестрпливо чекаме заедно со сите вработени!!🤒
И да не заборавиме…. Одлучете се веќе еднаш дали сте Министер или Потпретседател бидејќи за разлика од останатите, Законот за внатрешни работи е дециден и јасен во чл.168, а во врска со чл.3 ст.2, чл.32, чл.34 и чл.35, кога се работи за вас!!! ИМАТЕ И КОДЕКС ВО ВЛАДАТА ако не си знаел. Или па ти СИ НАШ и не важат правилата за тебе така ли НАЈДОБАР EVER⁉️

Г-дине Министер, почнете да работите во корист на вработените во МВР бидејќи само така ке успеете да поправите барем дел од штетата што ни ја предизвикавте!
Па можеби и нема да биде толку убав ден,не? Ако, барем ќе знаете како ни е нас веќе со години!!!

✊ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА ✊