МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Повторно ги заборавивте полициските службеници

СПМ: Според кои правила полицаецот - Работник
72views

Секој вработен во Полицијата со нетрпение ја очекуваше веста за буџетот за 2021 година. Овојпат секој се надеваше дека конечно на Владата се сети за вработените во Полицијата. Посебно знаејќи го фактот како секојдневно Полицијата се справува со предизвиците од кризата на терен. Но за жал не е така.

Ова вчера што го изјави Премиерот Заев преку презентирање на Буџетот за 2021 година од Владата за жал мораме да констатираме дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на вработените во Полицијата. Зошто во Буџет над 4 милијарди евра да нема пари за плати во Полицијата? Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е СРАМНА. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од Министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?

Како Синдикат сметаме и веруваме дека Ви е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените НУЛА денари кои ги предлага Владата ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, Можеби се малку но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи.

Согласно наведеното НАЈОСТРО СЕ СПРОТИСТАВУВАМЕ на вчерашното презентирање, реагираме до Владата и Собранието и БАРАМЕ да се преиспита ова наше барање и во најбрз можен рок да се исправи нанесената неправда нанесена на вработените во Полицијата. Зошто да нема покачување на платите во Полицијата? ЗОШТО?

Синдикат на полицијата во Македонија