СПМ: ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ РАКОВОДИТЕЛИ НА СВР БИТОЛА
Денес Синдикат на Полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против три лица од СВР Битола заради основано сомнение дека сите пријавени сториле едно кривично дело „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 став 1 и кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ.
Пријавените во својство на службени лица – раководители во Министерство за внатрешни работи – СВР Битола и тоа првопријавениот како командир на ПО за БПС Крушево, второпријавениот како началник на СВР Битола и третопријавениот како началник на ОВР Крушево со тоа што свесно не се придржувале кон закон или друг пропис а со тоа на оштетената М.В. од Крушево повредиле, одземале и ограничиле право што на работникот му припаѓа а со тоа и нанеле материјална штета, со неизвршување и пречекорување на службената положба и овластувања кои ги имале како раководни лица во организациската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи – СВР Битола, ОВР Крушево, ПО за БПС Крушево.
Значи во конкретниот случај иако до тој момент од страна на надлежниот Јавен обвинител воопшто немало никаков основ за започнување на кривична постапка сите наведени незаконито преземале мерки и дејствија спротивно на одредбите од ЗКП.
Ја повикуваме внатрешната контрола во МВР да го истражи случајот, да преземе мерки лично а не да задолжи друга организациона единица во МВР да и ја врши нејзината работа како што до сега и е пракса❗
Го повикуваме Министерот за внатрешни работи и Директорот на БЈБ исто така да го истражат случајот и истиот што побргу да добие разрешница.
РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА мора да има во МВ
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот
#силанановотовреме