- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Правото на исплата е загарантирано со закон и не може да биде волја на ниеден Министер

СПМ - Работник
643views

Соопштението на Синдикатот на полицијата во Македонија ви го пренесуваме интегрално: 

Во текот на вчерашниот ден 05.03.2021 година, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ГОРДО излезе пред јавноста и се пофали дека:

“Денеска е исплатена бонус плата за 2018 година, право кое го оствариле 1881 вработен во МВР. Вкупно се платени 50.736.213 денари, а поединечен износ на бонусот иснесува 24.276 денари.”

Веднаш неколку моменти после оваа „прекрасна вест“ неговиот “партнер” во добро и лошо “- Македонскиот Полициски Синдикат (ЕДИНСТВЕНИОТ) се пофали” дека благодарение на тоа што двете страни” склучиле” договор за бонус за 2018 година, од тие причини имало бонус (инаку ќе немало)!!!??…

Тоа за неупатените и за Македонската јавност можеби донекаде е Супер, одлична вест и поминува, НО за упатените и за вработените во МВР знаеме дека не е така и ова е уште еден” ефтин” трик за покривање на НЕСПОСОБНОСТА на сите полиња во Министерството од двете „договорни“ страни….

Јавноста мора да знае дека исплата на право од работен однос е ЗАКОНСКИ ЗАГАРАНТИРАНО ПРАВО (вклучително тука и правото за бонус плата) и тоа никако не смее да се свати како војла или желба на некој Министер со договор со свој партнер.

Јавноста мора да знае дека повредата на право од работен однос е кривично дело (член 166 од Кривичен законик) и „Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или Колективен договор….. и одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“ ,Правото на бонус плата постои во Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР и тоа не значи дека за да се даде треба „милост“ на Министерот Спасовски затоа што „создавал“ задоволна полиција која е ДАЛЕКУ од задоволна. Задололни се тие неколку околу Министерот и неколку началничиња, за другите вработени треба да проверите дали има задоволна полиција г-не Спасовски.

Но бидејќи манипулирате со јавноста со цел да го прикриете Вашето КАТАСТРОФАЛНО работење и менаџирање со МВР, должни сме да ја запознаеме Македонската јавност дека можеби е точно дека вчера Министерството исплатило бонус плата за 2018 година на 1881 вработен. Да тоа е одлична вест…

Она што го криете и манипулирате пред јавноста и вработените е тоа што во Министерството за внатрешни работи за исплата за бонус плата за 2017 година заведени се вкупно 2.900 тужбени барања а за исплата на бонус плата за 2018 година заведени се 3.379 барања (податок со кој располагаме од 08.01.2021 година). Веруваме дека овие бројки реално можат да бидат и поголеми до денес доколку во меѓувреме пристигнале нови тужби по основ на бонус плата. За бројката на поднесени тужби по овој основ за 2019 година оставаме тој податок да го обезбедат медиумите за којисто така знаеме дека е огромен. Знаете ли после овие тужби кои правосилно ќе завршат во корист на вработените колку ќе биде оштетен буџетот на МВР заради Вашето незаконско работење и постапување???

На самиот крај мораме да оставиме коментар на самиот банер објавен на профилот на Министерот и официјалната страна на Министерството за внатрешни работи каде најверојатно и понатаму да манипулирате сте навеле „Создаваме модерна, опремена, стручна, ефикасна но и задоволна полиција, која ќе биде блиску до граѓаните“ . Како Синдикат цврсто веруваме дека сето ова е чиста невистина и манипулација и единствено зборот „ЌЕ“ е вистина и далеку од тоа што сакате да прикажете во Министерството и пред јавноста.

Исто така ќе прашаме јавно дали е точно дека во моментот владее хаос во Одделот за управување со човечки каде повторно како и пред неколку месеци на одредена група на вработени не им е исплатена бонус плата за 2018 година заради нестручно и несовесно работење во МВР???

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да пронајде барем еден аргумент во насока на демантирање на фактите кои ги презентираме денес.

Со почит,

Синдикат на Полиција во Македонија