СПМ присуствуваше на Конференција за “Градење на брз, сеопфатен и ефективен одговор на затворање на просторот за слободата на здружување” во организација на Solidarity Center
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Во периодот од 01.06.2025-05.06.2025 година, делегација на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ во состав Претседател Орце Коцевски и Генерален секретар Николче Кирковски, преку Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS, присуствуваше на втората регионална конференција во организација на Solidarity center глобалната независна организација за човекови права, во Бишкек, Република Киргизстан.
Како продолжение на претходната конференција, главниот осврт на дебатата беше заснован на “Градење на брз, сеопфатен и ефективен одговор на затворање на просторот за слободата на здружување”, со посебен акцент на употреба на посебните механизми и алатки за “Одбрана на синдикатите за време на криза”. Во контекст на активно учество во дебатите и акционите планови, свое излагање имаше и делегацијата на СПМ од досегашното работење на синдикалната сцена во Македонија, кое беше претставено непосредно пред присутните делегации од САД, Киргизстан, Ерменија, Украина, Казахстан, Србија и Албанија. За време и вон работните часови, разменети се искуства со другите делегации во врска со проблемите со кои истите се соочуваат и начинот на решавање на таквите ситуации во врска со одбраната на синдикатите.
Мора да се нагласи дека е стекнато непроценливо и уникатно искуство во начинот на реализација на планови и агенди во насока на развој, проширување и остварување на синдикални цели во корист на членството на синдикатите како и употребата на посебни планови и алатки за редовна заштита на синдикатите и членството како и во време на кризни ситуации.
Активностите на СПМ за одржување и унапредување на правата на работниците на МВР продолжуваат со несмалено темпо, како на државно така и на меѓународно ниво, со добиените позитивни оцени од страна на Solidarity center за минатогодишната работа на СПМ , оваа соработка продолжува и во иднина со надеж за проширување.
враќањенапрофесионализмотвополицијата
меѓународнасоработка
силанановотовреме

