- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Сите кои мислат дека со опструкции и саботажи ќе не спречат во борбата за остварување на подобри услови и права, бадијала се трудат

СПМ - Работник
445views

Денес како Синдикат ќе соопштиме пред јавноста дека имаме основи за сомневање дека од страна на еден Министер за внатрешни работи  и членови – вработени за потребите во Министерството , злоупотребувајќи ја службената положба спротивно на Законот за работни односи, Европската конвенција за заштита на човековите права ја сопреле незаконски членарината на Синдикат на Полиција во Македонија, а со тоа ја попречувале нормалната работа на Синдикатот. 

Во прилог интегралното обраќање на  Синдикат на Полиција во Македонија :

Почитувани,

Од страна на Полициски службеници, членови на Синдикат на Полиција во Македонија постојат основи за сомнение кое во иднина ќе биде доставено како такво до Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во соработка со Јавен обвинител од ОЈО Скопје заради сузбивање на криминална група, чии членови- вработени во Министерството за внатрешни работи, злоупотребувајќи ја службената положба незаконски ја сопреле членарината на Синдикат на Полиција во Македонија, а со тоа е настаната значителна штета на Синдикатот. Поддршка за наведените основи е дадена од страна на повеќе институции во Република Македонија кои по нивното запознавање ги потврдија наводите на кривичното дело. 

По добиени криминалистичко-разузнавачки информации и преземени дополнителни оперативни мерки, од месец Септември 2020 година, воспоставена е истрага од Синдикатот за службени лица вработени на највисоките позиции во Министерството за внатрешни работи кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што забраниле сопирање на членарина за членовите на Синдикатот, членарина која до тој момент се сопирала на име “членарина за СПМ”. Службените лица делото го извршиле на начин спротивен на одредбите од Законот за работни односи, Кривичниот законик и други позитивни прописи како во Македонија така и во меѓународното право, со што овозможиле на сите членови на Синдикатот да не им се сопира членарина од нивната плата. Како поддршка на криминалната мрежа највисокатото раководство во МВР добивал подршка од друг Синдикат кој функционира во рамките на МВР, здружение кое не поседува службени овластувања туку е посредник помеѓу СПМ и највисоките структури во МВР. 

По пат на меѓународна соработка преку Конфедерацијата каде СПМ членува, беше обезбедена поддршка во насока на идентификување на вистинскиот идентитет на сторениот криминал. При тоа беше утврдено дека станува збор за лица кои се членови на највисоките позиции во Министерството за внатрешни работи. 

Од наша страна до ОЈО Скопје во наредниот период ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против наведените лица. 

Сакаме како Синдикат во оваа прилика да упатиме порака до сите оние кои мислат дека со опструкции и саботажи ќе не спречат во борбата за остварување на подобри услови и права во Полицијата и ќе им кажеме дека бадијала се трудат. Нема ниту да застанеме ниту да не поколебате. Ова го истакнуваме поради фактот што при реализацијата на оваа акција од страна на највисоките структури во МВР се соочивме и со обид за саботажа која не за жал не им  успеа. 

Директно од страна на еден Синдикат во МВР беа пласирани лажни информации и факти во врска со нашето постоење со што директно можеше да се загрози се што беше сработено од нашите редови, но и во иднина. 

Ова е недозволиво застанување против Синдикатот како организација и против борбата за правда и одговорност на секој што го прекршил законот. 

Откако овие обиди беа пресретнати од наша страна, и понатаму се продолжува цело време со лажни вести и невистини, дека наводно оваа акција била почната во периодот кога министер беше Наќе Чулев, а дека потоа МВР не преземала ништо и дека со овој Министер се било добро и подмачкано. Ова е целосна невистина, директно поврзана со обидот да се саботира нашиот Синдикат. Оваа обемна акцијата двете страни погоре спомнати ја започнаа веднаш по нашето регистрирање (едните веднаш а нивниот партнер со неговото доаѓање на позицијата Министер во месец Септември 2020 година) . 

За ваквите обиди за саботажа на оваа акција очекуваме да се произнесе и јавното обвинителство во иднина. Одговорност мора да има и ќе има. Уште еднаш посочуваме дека како раководство на СПМ нема да застанеме пред ваквите обиди за незаштита на работните права туку како досега, така и во иднина продолжуваме со бескомпромисна пресметка со оние кои ги спречуваат работничките права. Правдата ќе ги стигне сите оние кои што направиле криминал.

Со почит,

Синдикат на Полиција во Македонија

Линк од каде црпевме инспирација при изработка на соопштението со кое докажуваме дека и во МВР постојат индиции за кривично дело:

https://www.facebook.com/1840603206269119/posts/2939273139735448/