ИнтервјуаСветот на работникот

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Димитријевиќ: Работниците најмногу се жалат за неисплатени додатоци на плата

Разговараше: Бобан Илијевски

По кратко време, уште едно интервју со адвокатот Александар Димитријевиќ, со кого разговараме на повеќе прашања за работните односи. Во интервјуто, коешто е поделено на два дела, Димитријевиќ во првиот дел, зборува за тоа каква е целокупната ситуација со работничките права во Македонија, кои права од работниот однос најмногу се прекршуваат и за тоа кои се најгорливите проблеми на вработените во приватниот, а кои во јавниот сектор. 

Димитријевиќ е дециден дека работниците во најголем дел се жалат на неисплаќањето на додатоците на плата коишто им следуваат согласно Законот за работни односи. Тој вели дека работните односи се многу сензитивна материја на која треба да се обрне сериозно внимание.

Последниве години работејќи ја оваа материја во Македонија, гледаме дека има добри законски решенија, меѓутоа работодавачите, со чесни исклучоци, секогаш е така, ако најдат можност некако да протнат некое нелогично решение и да заштедат дел од својот имот или да не ги исплатат оние обврски коишто му следуваат на работникот, сметам дека ќе го искористат тоа право и работникот ќе биде оштетен во тој дел“, вели Димитријевиќ.

Повеќе погледнете во првиот дел од интервјуто со адвокатот Александар Димитријевиќ:

 

Фото: Скриншот/www.rabotnik.com.mk