СПМ со своја делегација учествуваше на спортска Полицијада „Златибор 2024“
Златибор, Република Србија 07/08.06.2024 год.
На покана на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP , СПМ со своја делегација предводена од Претседателот на СПМ Орце Коцевски беше гостин на XVII по ред спортска Полицијада “Златибор 2024”.
Во текот на дводневната посета, беа одржани неколку состаноци каде во разговори со раководството на Синдикатот разменивме многу искуства, начинот на делување на повеќе синдикати во регионот за што пред се ќе се допринесе во јакнење на синдикализмот на подрачјето на Република Македонија и МВР.
Доказ за нашето секојдневно јакнење, нашата посветена работа и искреност и дека нашата посветеност станува се повеќе и повеќе препознатлива во регионот укажува фактот дека веќе се поставени темелите за идна соработка со неколку синдикати.
Продолжуваме и понатаму посветено во борбата за подобри права и услови во Полицијата
Благодариме на гостопримството на домаќините, пред се на Претседателот на ССП Lazar Ranitovic и нормално незаменливиот ГЕН СЕК Darko Ocokoljic
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS