СПМ: Спасовски на 23 декември 2018 вети дека ќе има подобрување на условите на полицајците, но дали е така?
Синдикатот на Полицијата на Македонија реагира на изјавата на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дадена на 23.12.2018:
✅”Синдикалното организирање и активизам се одамна верификувани како фундаментални и универзални вредности на секое модерно, современо, демократско општество, неопходни за негово нормално и просперитетно функционирање.
✅Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна – само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник.
✅Се стремиме кон цели што треба повторно да и ја вратат улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство.”
Сега вака Министре зошто Полицијата не е” ТВОЈА” играчка за ти како сакаш да си играш со неа и да манипулираш со вработените и ЈАВНОСТА:
1.Дали почитуваш синдикално организирање во МВР- НЕ⛔
2.Дали почитуваш синдикален активизам во МВР – НЕ⛔
3.Дали МВР е модерно, современо и демократско општество – Не ⛔
4.Дали има подобрување на статусот и условите на работа – НЕ ⛔
5.Дали им се загарантирани правата на полициските службеници – НЕ ⛔
6.Дали е задоволен полицискиот службеник – НЕ⛔
7.Дали ги зголемивте платите на униформираните полициски службници – НЕ ⛔
8.Дали Полицијата доби награда за справување со коронавирусот – НЕ ⛔
9.Дали имаме ефикасен и професионален полициски службеник – НЕ⛔
10.Дали тоа што Вие велите е така :”стремиме кон цели што треба повторно да и ја вратат улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство.” – НЕ⛔
✅И пред прагот на 2021година е истото како пред 2 години со тоа што:
😡справување со неистомислениците и професионалците Ви е пуштено на НАЈЈАКО со незаконски распоредувања,
😡Воопшто не почитувате Синдикален активизам и се дрзнавте НЕЗАКОНСКИ да укинете членарина на Синдикат за што еден ден ЌЕ ОДГОВАРАТЕ,
😡Нема никакво подобрување на условите за работа во Полицијата,
😡Воопшто не им се загарантирани правата на полициските службеници и правната служба во МВР и понатаму прави секојдневни злоупотреби како и комисијата за распоредување во МВР,
😡Дали имаме задоволна полиција? Направете анкета меѓу колегите и најдете 2 задоволни полицајци,
😡На самиот крај многу сте НАЗАД да и ја вратите улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство.”
🤔🤔🤔Знаете кога сето ова ќе го постигнете и сето ова да оди во нагорна линија? Почнете најпрвен од СЕБЕ да се промените. Друго решение НЕМА….. ✅
🗣️И на самиот крај ќе смените ли КОНЕЧНО барем еден началник од СВР што најмногу можеби се виновни што позицијата во Полицијата баш е таква каква што е🤔🤔⛔, стои во реакцијата на СПМ

