МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Стварно ли си транспарентен до крај министре Спасовски? Епа не е така!

Транспарентност ⁉️ СТВАРНО?

Тоа е : “Транспарентност е обврската на државните институции да споделуваат информации со граѓаните, информации кои се потребни за да може граѓанинот да донесе информирана одлука и да бара ОДГОВОРНОСТ од народните избраници и министри за начинот на кој тие ги извршуваат работите кои се во негова корист.”

Министерот Оливер Спасовски требало ова да го прочита или да му го пренесат пред јавно да се пофали со “високото ниво” на транспарентност на работата на МВР. Односно, неговото работење откако го “ПРЕВЗЕЛ” МВР. Односно…Остана нејасно и недоискажано што е за него транспарентност? Како ја утврдил тој и како ја утврдиле за него?

Ако на претходното дефинирање додадеме:

“Отвореност, одговорност и чесност ја дефинираат државната транспарентност ( со тоа и на самите министерства во нејзин состав ).

Владите со своите министерства, постојат да им служат на граѓаните. Информациите како народните избраници и министрите се однесуваат и ги извршуваат јавните функции, ги трошат народните пари, мора да се достапни и лесни за разбирање.Со ваквата транспарентност се овозможува добро и чесно работење.”,

многу лесно се гледа провидноста и манипулацијата позади “наводните” 91.7% транспарентност на “бест евер” министерот Спасовски.

Од досегашното ТРАНСПАРЕНТНО работење на министерот и неговата свита, очигледно е дека ЗА НИВ транспарентност е колку полицајци се однесени на клупата во ОЈОГОКК. Против колку полицајци се поведени дисциплински постапки и мерки на безбедност ( иако и оваа информација не е целосна ) . Колку полицајци сториле прекршоци и дела. На кој начин внатрешна контрола ги малтретира вработените во МВР, а тоа го нарекуваат “контрола на работењето”. Колку….Тука мора да се додаде, како ТРАНСПАРЕНТНО РАБОТЕЊЕ, самопромоцијата на министерот Спасовски како член на СДСМ преку измислени и неподржани статистики и анкети за работата на МВР, кои патем истиот не смее да ги презема врз основа на Закон за внатрешни работи и Протоколите на Владата, а полицајците се гонат дури и за сомневање дека имаат врска со партии. Али Оли наш е “семоќен”, му се може….не важат правилата за него.

А каде е безбедноста на граѓаните?

Како и колку се потрошени народните пари во буџетот на МВР?

Безбедноста на граѓаните ја виде целата јавност. А дел од таа јавност и ја почувствува на свој грб( за некого мајка за некого маќеа а во тоа ние полицајците сме алатката која се употребува за таа поделба ). Но тоа е друга тема. Она што е поврзано со безбедноста на граѓаните, а во тесна врска со народните пари е виртиелното МОТО на министерот: “Задоволна полиција, безбедни граѓани”!! Од досега виденото, министерот ги опреми специјалните единици, делумно но не доволно се дообучуваат ( голем дел со донации, мал дел со народни пари од буџетот ), направи неколку фасади по градовите ( и не испушти можност тоа наголемо да го рекламира ), издаде монографија за “Тигар”, но покрај тоа не издржа и издаде слична монографија за СОПСТВЕНОТО работење на МВР 2017-2022 ( е ова е целосно платено од народни пари од буџетот на МВР).

Од останатото:

– Донација на службени возила за Гранична полиција, донација на возила за БПС, донација на возила за специјални намени, донација-помош при набавка на цивилни возила за потребите на одредени служби, донација на разноразна опрема за многу сегменти во МВР, донација на персонални камери, помош за специјализирани задачи….просто речено без пари, СЕ ДОНАЦИЈА!!!

И сето тоа додека: Се исплаќаат милионски суми ( можеби и добри 30,40% од буџетот ) за услуги за хигиена ( чистење, метење, бришење ), милионски суми за автомеханичарски услуги и поправки ( возилата кои требаше да бидат веќе заменети со нови пред 7,8 години се сеуште во употреба ), милионски суми за прехрамбени производи ( за ова веќе пишувавме ), презентации, репрезентации, јубилеи….А каде е известувањето за граѓаните? Вистинската транспарентност? Или ќе се вадиме на тоа дека МВР е институција која има голем дел со СТРОГО ДОВЕРЛИВА содржина? Тој дел не е за граѓаните. А како е можно министерот да одобри непречен влез, движење на личности без безбедносни сертификати? Вработените на фирмите за хигиенски услови дури ги поседуваат и клучевите од сите канцеларии и имаат пристап до секакви информации. Додека тоа порано беа вработени на МВР, со сите потребни акредитации, сега, со тендер, имаме непроверени!

Возилата се оставаат во автомеханичарски работилници, на владение на нивни вработени, во кои им е оставена на “слободно располагање” цела радиокомуникациска опрема која можат да ја користат како сакаат ( а потоа се чудиме како и кој ги пробил одредени акции во сообраќајот), додека во минатото и тоа беа вработени на МВР со сите потребни акредитации. Тие смеат а граѓаните не смеат да знаат како се трошат парите?

Да, тие податоци ги има во јавност. Но доблесно и одговорно е ако министерот лично ги објави исто онака како што се фали со зголемена, НАВОДНА, транспарентност на МВР без нити еден параметар? Тоа е транспарентност во вистинска смисла на поимот!!!

Како тоа транспарентно се објавуваат полицајците по разни основи, но тоа не важи за припадниците на неговата свита⁉️

Ете на пример, зошто не е објавено колку неговиот правен, финансиски оддел, ненаменски потрошил пари од буџетот за исплата по тужби?

Од ПРЕВЗЕМАЊЕТО на МВР од негова страна, овие исплати не престануваат бидејќи секојдневно се кршат правата од работен однос на полицајците. Нели, ако беа толку одговорни, досега таквата исплата на милионски суми од буџетот требаше да прекине? Досега требаше исплатата на бонус плати, прекувремени саати и други основи да биде редовна, секој месец, на годишно ниво, без тужби? Зошто упорно министерот дозволува таква некоја пракса кога тоа може да биде редовно, без плаќање на судски и адвокатски трошоци? А неретко и трошоци на извршители? Ова нели спаѓа во информации кои би ги интересирале граѓаните како се трошат нивните пари?Транспарентност?

Дали би била транспарентна информацијата дека дел од свитата “ ја згрешиле работата” па сега нема нити оброк-исхрана за ноќна смена како што е предвидено и со КД и со правилник, а нема ни исплата на паричен надоместок по тој основ? Па ќе следуваат повторно тужби и пак ненаменски ќе се одлеваат народните пари од буџетот на МВР. Дали би била транспарентна информацијата дека при законски одреден износ на дневницата на работниците им се исплатени само 20% од дневница заради неписмено и манипулативно толкување на законските и подзаконските акти? И повторно тужба и ненаменско одлевање на пари.

И кој најмногу ќе страда заради тоа? Пак полицаецот. Бидејќи МВР остана единствената институција на која не им е зголемена (читај Порамнета ) платата во државата! Во голем дел заради тендери и ненаменско одлевање на пари. Е кога сме веќе кај платата-

Зошто министерот се уште јавно, ТРАНСПАРЕНТНО, не ја објавува вредноста на бодот во МВР? Зошто се уште листата на плата во МВР е со назнака Строго доверливо? Зошто упорно одбива да го објави износот на Основната-минималната плата во МВР? Не бруто, не нето туку износот на Минималната плата кој се базира на вредноста на бодот?

Зарем тоа не е краен и најзначаен елемент на транспарентност на државна институција?

Од сето ова, ние како Синдикат, заклучуваме дека министерот Спасовски, ќе може ТРАНСПАРЕНТНО да работи само тогаш кога ќе си го исчисти дворот од неговата свита, кога народните пари од буџетот ќе се трошат наменски и за потребите на МВР, кога ќе постапува и одобрува акти исклучиво во согласност со законските и подзаконските акти на МВР и државата, најмногу за да нема тужби и прекумерно одлевање на буџетски средства по основи кои не се од витално значење за МВР, кога ќе почне навистина да се грижи за МВР, вработените и воедно и за граѓаните….

Дотогаш нека ги задржи популистичките, политички изјави базирани на две, три бројки, неколку реченици и крајно манипулативна, неаргументирана анализа и нека се фокусира на вистинските проблеми во МВР за кое е задолжен, бидејќи се наталожија и одамна ја прелеаја чашата.

Освести се господине Министер,времето ти тече!

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02Cf7mrBd2iGoY3yuUfLUTKvdmrht5gYDoKrSZXNES8phubCCii9xEomCfZ4Zi7wigl&id=100046824475551