Во која земја од ЕУ најмногу се работи, а каде сакаат да „фаќаат кривини“
Во земјите од Европската унија бројот на работни часови на неделно ниво е поголем кај мажите, додека жените во поголема мера изостануваат од работа.
До овој заклучок дошле аналитичарите на Хрватскиот завод за вработување чешлајќи ги податоците на Евростат.
Меѓутоа, разликите по двата критериуми, и бројот на работни часови и уделот на оние кои изостануваат од работа, значајно варираат од земја до земја.
Така, на пример, меѓу вработените кои имаат од 20 до 64 години, според податоците за минатата година, најголема разлика во бројот на работни часови помеѓу мажите и жените е забележана во Холанија, каде мажите неделно во просек работат 38,2, а жените 35 работни часови.
Изостанувања од работа
Незначајно е мала разликата помеѓу вработените мажи и жени во Ирска, во која работната недела на мажите трае 39,6 часа, а на жените 36,8 часа.
Најмала пак е разликата помеѓу работните часови во Романија, Летонија, Литванија и Унгарија, каде работната недела трае речиси идентичен број на часови кај вработените од двата пола, пренесува Poslovni dnevnik.
Рекордери во ЕУ по бројот на работни часови, со повеќе од 40, се мажите во Романија, Грција, Полска, Кипар и Словенија, додека жените во ниедна членка на ЕУ не работат повеќе од 40 часа.

Фото: Unsplash
Најголем број на работни часови имаат жените во Романија
Најголем број на работни часови имаат жените кои се вработени во Романија (39,8), потоа во Бугарија, Литванија, Летонија и Словенија.
Најкратка работна недела имаат мажите во Белгија (37,4 %), а кај жените во Холанија со споменатите 35 часа. Што се однесува за податоците на Хрватска, просечната работна недела на Хрватите трае 39,1 час, а Хрватиците 38,3 часа.
За разлика од работните часови во неделата, жените генерално гледано изостануваат повеќе од работа. Секако, тоа се поврзува и со фактот дека жените раѓаат и се повеќе ангажирани околу грижа за децата, а аналитичарите на ХЗЗ укажуваат и на тоа дека разликите во обемот на изостанувања помеѓу поединечни земји придонесуваат за разликите во однос на регулирањето на боледувањето и родителското отсуство на работниците и нивната примена во секојдневниот живот.
Најголеми разлики во стапките на мажи и жени кои отсуствуваат од работа според податоците за првото тримесечје оваа година се воочени, пак, во некогашните социјалистички земји, а рекордери се Чешка и Словачка.
Во Чешка таа разлика е дури 10 процентни поени (отсуството кај мажите е 5,1, а кај жените 15,1 %), додека разликата во Словачка е уште поизразена (4,8 кај мажите и 15,1 % кај жените), пишува Poslovni.hr.

Фото:Unsplash
На Малта жените работат повеќе
Таа разлика во ЕУ најмалку е видлива во Шпанија, а интересно е тоа што само во една земја мажите отсуствуваат од работа повеќе од жените, а тоа е случај на Малта. Вкупно гледано, најмалку отсуствуваат мажите и жените во Бугарија, Романија и Малта.
Имено, во седум земји поголем е уделот на мажи кои отсуствуваат од работа (Шпанија, Франција, Кипар, Холандија, Австрија, Финска и Шведска), додека жените повеќе отсуствуваат од работа во осум држави (Чешка, Естонија, Франција, Кипар, Австрија, Словачка, Финска и Шведска).
Извор:Poslovni dnevnik
Фото: Pixabay

