Правда

Средба Мизрахи- Сахакиан: Социјалната инклузија, грижата за ранливите категории и креирањето на нови работни места и понатаму приоритет во заедничката соработка

Средба Мизрахи- Сахакиан - Работник
44views

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан на денешната работна средба ги потврдија заедничките приоритети во соработката, а тоа се грижата за ранливите категории на граѓани, социјалната инклузија и креирањето на нови работни места.

Сахакиан, посочи дека партнерскиот однос што е воспоставен помеѓу УНДП и МТСП е значаен бидејќи придонесува за поттикнување и унапредување на овие сектори коишто се од јавен интерес. Во таа насока, Постојаната претставничкана на УНДП ги потенцираше програмите од Оперативниот план за вработување во коишто се тие вклучени и кои веќе и јавноста ги препознава, како што се Програмата за самовработување, Програмата за општинско корисна работа, а во моментов се вклучени и во процесот на деинституционализација во Бања Банско. Исто така, преку Швајцарската агенција за соработка учествуваат и во проектот со кој се поттикнува вработливоста на ранливите категории.

Министерката Мизрахи се заблагодари на поддршката која што ја пружа УНДП преку вклучувањето во овие програми, и истовремено ги презентираше нејзините планови и програми кои се во насока на поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории на граѓани за кои и понатаму ќе биде добредојдена секоја поддршка. Според неа процесите на подобрување и унапредување на системите на социјалната и детската заштита се постојани процеси на кои треба трпеливо и макотрпно да се работи затоа што само на тој начин граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од својата држава.

Извор: МТСП