- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Средба на Бочварски со Кристина Ампева, претставник од „Гласен Текстилец“

314views

Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со Кристина Ампева од здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, во однос на новонастаната состојба и превземените мерки од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Институциите, заедно со здруженијата на граѓани и бизнис секторот мораат во овој момент да имаат тесна соработка со цел ставање под контрола на овој нов бран на Ковид-19.

Advertisement

Од денеска започна проширено тестирање на над 500 вработени од текстилните компании и запирање на работниот процес со цел заштита на граѓаните.

Тестирањето ќе трае и во тек на наредните неколку дена. Сите текстилни работнички кои се тестирани задолжително треба да останат дома во наредните денови. Со заеднички сили и со почитување на мерките за заштита ќе успееме да се справиме со овој втор бран на Ковид-19 во Штип.

Advertisement
Advertisement

Advertisement