ПравдаСветот на работникот

Средба на Гласен Текстилец со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Гласен Текстилец:

Денеска се оддржа средба меѓу претседателката на Гласен Текстилец Кристина Ампева и Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На средбата беше присутен и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов.
Се разговараше за овогодинешните активности на здружението, особено за отпочнување со работа на локалниот економско-социјален совет.

Планирани се средби со локалните работодавачи, се со цел да има поголема соработка и истакнување на позитивни пракси во работењето во насока на почитување на работнички права и платите на вработените.

Исто, беше утврден и датумот за овогодинешната Текстилијада која ќе се оддржи четврта година по ред.