- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Средба на министерката Шахпаска со Македонската асоцијација на Туристички водичи и Придружници

Средба на министерката Шахпаска - Работник
135views

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска оствари средба со претставници на Македонската асоцијација на Туристички водичи и Придружници, на која се разговараше за можноста за правна регулација на нивниот статус.

Од страна на претставниците на асоцијацијата беше посочен предизвикот со кои се соочуваат лицата кои се занимаваат со оваа професија, во однос на пензиското и здравствено осигурување, кое сеуште не е решено, односно нивната работа која се заснова на хонорарно работење, а не на работен однос.  Притоа, на средбата се дискутираше и  за начините за нивно  регулирање  преку изнаоѓање на законско решение во кое ќе бидат опфатени.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ја истакна важноста на професијата туристички водич, како амбасадори на нашето културно наследство и оттука важноста за  решавање на нивниот статус. Таа воедно изрази уверување дека преку меѓусебна соработка со сите клучни институции во чија надлежност влегува ова прашање, ќе дојде до изнаоѓање на најиздржано решение во интерес на сите страни.

Соговорниците изразија волја за понатамошни средби, со цел решавање на ова прашање.