МакедонијаПравда

Средношколците бараат да учат комбинирано, во спротивно постои можност да ја бојкотираат настава

Средношколците бараат да учат комбинирано - Работник
190views

Средношколците не се повлекуваат од своите барања, учебната 2020/21 година да ја следат комбинирано. 

На вчерашниот состанок во Владата, Сојузот на средношколци еден час ги изнесувал своите аргументи на Министерот за образование и наука во заминување Арбер Адеми, идната Министерка за образование Мила Царовска, Министерот за здравство Венко Филипче и техничкиот Премиер Оливер Спасовски, зошто не сакаат да учат само онлајн. Тие најавиле и протест, пренесува Сител. 

Според средношколците, надлежните ги предупредиле како ќе ги организираат протестите, за да не ги прекршат протоколите за заштита од Ковид – 19, со намера да ги предомислат да не го организираат протестот. 

Од Владата посочиле дека ќе имаат соработка со средношколците за да изнајдат заедничко прифатливо решение. Тие ги поканиле да присуствуваат на состанокот со Комисијата за заразни болести, за да подетално се запознаат со ситуацијата со коронавирусот. 

Премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министрите за образование и за здравство Адеми и Филипче ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците, се вели во сооштението на Владата, извести Сител. 

Имено, денеска 40 преставници од 17 градови, преку онлајн состанок ќе одлучуваат дали средношкоците од септември ќе ја бојкотираат наставата.