- Advertisement -
НовостиПравда

Српската премиерка ја прими првата вакцина, во Србија започна вакцинацијата, а каде сме ние?

Српската премиерка ја прими првата вакцина - Работник
252views

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ рекла дека чувствувала обврска дека како некој кој го води Кризниот штаб, прва во Србија да прими вакцина против коронавирусот и со тоа да покаже да верува во Агенцијата за лекови и медицински средства, во медицинските работници и во сите кои „деноноќно работеле на одобрување на вакцината“ на компанијата „Фајзер“. 

Брнабиќ на новинарите пред Инситутот „Торлак“ по примањето на вакцината, им рекла дека таа е првиот премиер во Европа кој примил вакцина против вирусот. 

Таа рекла дека со денешниот ден се одбележува почетокот на крајот на епидемијата и најавила дека „од денеска па натаму нема да запреме додека не го победиме коронавиусот и на овој начин“. Според нејзините зборови, Србија ќе има два милиони дози во првиот квартал од следната година, како и дека „еден милион секако ќе има во јануари“. 

Премиерката на Србија рекла дека имала договор со Претседателот Александар Вучиќ, да тие двајца примат две различни вакцини против вирусот и дека тој ќе прими вакцина од следниот контигент, односоно од произведувачот на вакцини кои ќе стигне следен. 

Брнабиќ река дека најголемата доза на вакцини ќе стигант од кинексиот произведувач „Синоформ“ и навела дека Претседателот најверојатно ќе ја прими вакцината од тој произведувач. 

Таа рекла дека почетокот на вакцинацијата е важна работа. „Вакцината е работа на медицината. Тоа е начин на кој вие го спасувате човештвото од болести“, рекла Брнабиќ на прес – конференција за новинари. Додала дека теориите на заговор за тоа дека припаѓаат на „некое Трето око“ не се за сериозна расправија. 

Според нејзините збороци, се очекува од почетокот на јануари да стигнат додатни 16,000 дози на вакцини од компанијата Фајзер. 

„Имам доверба дека тоа така ќе биде“, рекла таа. 

Министерката за труд, вработување и социјални прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ рекла дека за денеска е планирано да се вакцинираат 150 корисници на домови за стари во Белград и 100 корисници во Нови Сад. 

„Во Белград се вклучени и приватните домови за стари“, рекла Кисиќ Тепавчевиќ.