МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

ССЕРИ: Бараме како во МЕПСО и во АД ЕСМ да има покачување од 23 %

   Време за читање 2 минути

Реакција на Самостојниот синдикат за енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ до Владата на Македонија и управниот одбор на АД ЕСМ, за дискриминирачкиот однос кон работниците кои работат во АД ЕСМ во однос на покачувањето на платите и порастот на животните трошоци.

СО ЕЛЕМ-ССЕРИ повеке пати има доставено барања за зголемување на платите до Управниот одбор до управниот одбор на АД ЕСМ во Државна сопственост.

Двојни аршини ,мајка и маќеа

Државата , меѓу другото е сопственик на две компании и тоа :едната е АД ЕСМ а другата е АД МЕПСО.

Во изминатиот период кога имаше пандемија и енергетска криза ,вработените во двете компании работеа пожртвувано но вработените во АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ го дадоја својот максимален влог во одржување на производствените капацитети за електрична енергија и за производсво на електрична енергија ,која пожртвуваноста кај многу работници ги кошташе и „платија“ со својот живот .

Како дегресија работниците кои работат во МЕПСО добија покачување на платите во висина од 23% на ОСНОВНАТА плата (треба да биде пример и е за секое поздравување) како последица на порастот на животни трошоци и подобрување на животниот стандард на работниците,а работниците кои работат во АД ЕСМ НЕМААТ ДОБИЕНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ .

Во оваа прилика апелираме до Владата и Управниот одбор на АД ЕСМ да го следат примерот на сестринската компанија МЕПСО и ништо помалце од нив и ги зголемат платите за 23% на основните плати и на работниците кои работат во АД ЕСМ , а со тоа докажат дека се грижлива компанија која инвестира во своите работници ,а не само со популистички работи се промовираат и грижат за работниците.

Се надеваме дека конечно ќе го слушнете гласот на работниците

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *