НовостиСиндикат

ССЕРИ дел од проектот на тема: Раст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор

   Време за читање 24 минути

Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Македонија –ССЕРИ, Синдикална организација АД ЕЛЕМ активно зема учество во сите активни промени кои се случуваат и е во тек со активности кои ги засегаат работниците и работните услови. Во тој контекст активно земаме учество во проектот GTC- Г Т Ц – Раст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктуирање на работното опкружување кое се менува, кој е подржан и финансиран од ЕУ.

ЕУ

Статии кои се дел од проектот:

#1 Колаборативен пристап за инклузивна двојна транзиција – проект ГТЦ  

Европската економија моментално поминува низ големи промени за кои се заслужни два основни фактори: потреба за намалување на јаглеродниот отпечаток и преминување на дигитализација. Овие процеси, познати под називот ’twin’ (двојна) транзиција, се осмислени така да доведат до создавање на поодржлива и поконкурентна економија. Што точно е двојната транзиција и кои се нејзините основни цели? Проектот ’ГТЦРаст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктурирањето на работнато опкружување кое се менува’, кој се софинансира од Европската комисија, го разгледува начинот на кој Европскиот зелен договор и дигитализацијата можат да придонесат за растот на индустрискиот сектор на начин кој ќе им користи за сите. Опфаќајќи седум земји членки и држави со статус на кандидати за членство во Европската унија – Полска, Словачка, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Шпанија – овој проект ја поттикнува соработката помеѓу работниците, синдикатите и работодавачите за да се обезбеди праведна и инклузивна транзиција.

Graphic MK

Проектот ГТЦ е фокусиран на тоа на заинтересираните страни да им овозможи да реагираат на опсежните промени во индустрискиот сектор, до кои дојде поради зелената и дигиталната транзиција. Клучните цели опфаќаат олеснување на размена на знаење, спроведување детални истражувања, зајакнување на капацитетите на партнерите и подигнување на свеста помеѓу работниците и работодавачите во европскиот металски сектор. Проектот ГТЦ го содржи сеопфатниот план на активности, како што се изработка на седум национални извештаи, кои се занимаваат со анализа на националниот и регионалниот контекст на двојната транзиција; креирање на програма за обука која е прилагодена на индивидуалниот темпо на секој учесник, вклучувајќи однапред снимени лекции, тестови и материјали за поддршка на развојот на вештините кај работниците и работодавачите; организација на симулациски работилници во Србија, каде што учесниците ги разменувале практичните решенија кои се однесуваат на зелената и дигиталната транзиција преку сценарија од реалниот живот; и спроведување на информативна кампања, која ги опфаќа статиите и видеоснимките со цел ширење на знаењето и поттикнување јавна расправа.

Проектот ГТЦ претставува пример на пристапот за постигнување на одржливост и дигитални иновации во индустрискиот сектор, насочен кон иднината. Основните заклучоци кои произлегуваат од националните студии и разговорите со партнерите укажуваат на тоа дека двојната транзиција зависи од интеграцијата на технологијата во заштитата на животната средина и учеството на работниците. Анализираните студии на случај покажале како модерните технологии можат да донесат економски и еколошки придобивки, како и колку е важен социјалниот дијалог (вклучувајќи го и трипартитниот дијалог) во контекст на реструктурирање. Трансформација на индустрискиот сектор бара пристап од повеќе агли, во кој технологиите, луѓето и стратегиите за развој дејствуваат обединето со цел да се постигне поодржлива иднина. Со давање приоритет на соработката и инклузивноста, се создава силна основа за решавање на предизвиците на двојната транзиција, со засилување на работниците и заинтересираните страни активно да учествуваат во обликувањето на иднината на индустријата. Иницијативата ГТЦ служи како модел за одржлив раст и праведна трансформација ширум Европа.

Проектни материјали и курсеви се достапни на следниот линк: https://www.youtube.com/@GTC-g9k/playlists

#2 Двојна транзиција – во правец на одржлива и дигитална иднина

Европската економија во сегашниот момент се соочува со две значајни трансформации, чии два двигатели се зелената трансформација, поврзана со потребата за декарбонизација, и дигитализацијата. Овие процеси, познати под називот ’twin’ (двојна) транзиција, имаат цел да создадат подржливи и поконкурентни економии. Што точно е двојна транзиција, кои се нејзините главни цели и како тие се реализираат во пракса? Проектот ’ГТЦ – Раст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктуирање на работнато опкружување кое се менува’ се занимава со овие прашања. Неговата цел е поттикнување на размена на искуства и знаење помеѓу работниците, синдикатите и работодавачите во контекст на двојната транзиција (зелена и дигитална) во индустрискиот сектор во седум земји партнери: Полска, Словачка, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Шпанија.

Што е двојна транзиција?

Двојната транзиција е процес на истовремено преминување на дигитална економија и економија со ниска емисија на јаглерод. Ова значи дека државите и компаниите мора да вложат напори за да ја намалат емисијата на гасови со ефект на стаклена градина и да ги имплементираат иновативните технолошки решенија. На ниво на политиките на Европската унија постојат два засебни собири на стратегии посветени на декарбонизација и дигитализација, кои во комбинација можат да доведат до ефект на двојна транзиција: Европскиот зелен договор и политиките за дигитализација, вклучувајќи ја Европската дигитална стратегија за периодот 2020–2025.

Европскиот зелен договор претставува европска стратегија за одржлив раст. Станува збор за пакет на иницијативи за политики, осмислени за да им овозможат на граѓаните и компаниите во Европа да имаат корист од одржлива зелена транзиција, за да се постигне целта за нулта нето емисија на гасови со ефект на стаклена градина до 2050. година во Европската унија и да се раздвои економскиот раст од користење ресурси. Идејата е да се создадат нови одржливи работни места, додека од декарбонизацијата се очекува да ги запре климатските промени и да го подобри квалитетот на животот преку создавање на поодржливо и побезбедно опкружување. Европскиот зелен договор го опфаќа акциониот план кој што овозможува поефикасно користење ресурси преку премин кон чиста, циркуларна економија, како и спречување на загуба на биодиверзитетот и намалување на загадувањето. Со акциониот план се идентификуваат неопходните вложувања и достапните финансиски инструменти за нивното спроведување. Со него, исто така се објаснува како да се обезбеди праведна и инклузивна транзиција. Со поставување на амбициозни цели во врска со климата и економијата, Европската унија се обврзува да дава финансиска поддршка и техничка помош на оние кои најмногу се погодени од транзицијата кон зелената економија. Ова ќе биде реализирано преку Механизмот за праведна транзиција, кој ќе обезбеди 100 милијарди евра за најзагрозените региони во периодот од 2021. до 2027. година.

Како одговор на начинот на кој што дигиталната технологија ги менува животите на граѓаните на Европската унија, еден од приоритетите на Европската комисија за периодот 2019–2024. е создавање на Европа за дигиталното време, на кое трансформацијата би била заснована кон здрава планета и нов дигитален свет преку Европската дигитална стратегија за периодот 2020–2025. Нејзината цел е зајакнување на луѓето преку технологија на следната генерација, со поддршка на ’праведната транзиција’ кон климатски неутрална Европа преку Европскиот зелен договор.

Во рамките на проектот ГТЦ, спроведовме истражување во седум земји за да испрашаме кои се предизвиците со кои компаниите и нивните работници се соочуваат во контекст на двојната транзиција. За резултатите од ова истражување можете да прочитате во следната статија.

#3 Двојна транзиција: Предизвици за работниците и компаниите во Европа забележани во рамките на ГТЦ студијата

Двојна транзиција – односно процесот на истовремено преминување на дигитална економија и економија со ниски емисии на јаглерод – со себе носи како можности, така и значајни предизвици за работниците и компаниите. Изучувајќи ги искуствата на седум европски земји (Полска, Словачка, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Шпанија), проектот „ГТЦ – Раст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктуирањето на работното опкружување кое се менува“, дава важен увид во овие предизвици и начини за нивно решавање.

Најпрво, важно е да се напомене дека транзицијата кон дигитална економија и економија со ниски емисии на јаглерод бара значителни вложувања во нови технологии и индустриски решенија, што понекогаш може да биде предизвик за компаниите и може да ја промени нивната положба помеѓу конкуренцијата на глобалниот пазар. Покрај тоа, деловните модели кои го земаат во предвид усогласувањето со прописите кои произлегуваат од политиките за декарбонизација и дигитализација мора бидат изменети и присобени на новите пазарни услови. Важен дел од планирањето на деловниот развој е процесот на унапредување на вештините на работниците, за да можат ефикасно да работат во новата реалност. Двојната транзиција бара ревизија на синџирите на снабдување, што може да донесе нови логистички и регулаторни предизвици.

Во овој контекст, работниците се соочуваат со предизвици, бидејќи тие, исто така мораат да го најдат својот пат во новата реалност. Потребите за вештини се менуваат, бидејќи дигитализацијата на производствените и услужните процеси бара од работниците нови дигитални вештини и компетенции поврзани со конкретното работно место. Работниците кои не се во можност да ги приспособат своите вештини на новата реалност, можат да се најдат во тешка ситуација на пазарот на трудот. Исто така, автоматизацијата и роботизацијата може да доведат до намалување на бројот на работни места во некои сектори. Покрај тоа, развојот на работата од далечина и работата преку дигитални платформи може да ја зголеми несигурноста на вработувањето и да ги влоши условите за работа. Исто така, доаѓа до промена во организацијата на работата поради воведувањето на нови технологии, што може да предизвика стрес и вознемиреност помеѓу работниците. Алгоритмите кои се користат во процесите на вработување и управување со човечките ресурси можат да доведат до дискриминација врз основа на пол, возраст или потекло.

Улога на социјалниот дијалог

Еден од основните наоди на истражувањето спроведено во рамки на проектот ГТЦ е истакнувањето на клучната улога на социјалниот дијалог во управувањето со процесот на двојна транзиција. Вклученоста на синдикатите, работодавачите и владите е од суштинско значење за развој на решенијата кои го поддржуваат и економскиот развој и придобивките на работниците. Двојната транзиција претставува како предизвик, така и прилика за Европа. За да се искористи максимално нејзиниот потенцијал, неопходна е координирана акција на национално и европско ниво. Клучните фактори се вложување во образование и обука, промоција на социјалниот дијалог и обезбедување на соодветна заштита на правата на работниците.

#4 Двојна транзиција: Можности за работниците и компаниите во Европа што се воочени во рамките на ГТЦ студијата

Европската економија во овој момент поминува низ значајна трансформација, поврзана со потребата да се премине на дигитална економија и економија со ниска емисија на јаглерод. Овој процес, познат и како двојна транзиција, со себе носи како предизвици, така и можности за работниците и компаниите. Истражувајќи ги искуствата на седум европски земји (Полска, Словачка, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Шпанија), проектот „GTC – Раст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктуирањето на работното опкружување кое се менува“ дава важен увид во овие промени и начини на кои можат да бидат искористени. За предизвиците со кои се соочуваат европските компании и нивните работници ќе биде зборувано во посебна статија.

Двојната транзиција може да создаде нови можности за компаниите. Таа создава поволни услови за иновации, овозможувајќи им на компаниите да стекнат глобална конкурентска предност. Исто така, овозможува создавање нови деловни модели, засновани на податоци и дигитални услуги, како и зголемување на ефикасноста на производството и намалување на трошоците. Компаниите кои успешно ќе ја спроведат трансформацијата можат да стекнат нови клиенти и да го зацврстат својата положба на пазарот.

Двојната транзиција создава можности и за работниците. Дигитализацијата и декарбонизацијата отвораат врати за нови занимања и специјализации. Работниците имаат можност да стекнат нови вештини и професионално да напредуваат во динамични сектори, како и да започнат нови кариери. Со развојот на технологијата се појавуваат нови облици на работа, како што се работа од далечина или независни начини на структуирање на извршените задачи, со што се овозможува повисок степен на автономија и флексибилност во организацијата на работното време. Двојната транзиција бара не само технички вештини, туку и меки вештини, како што се креативност, соработка и решавање проблеми. Развивањето на овие компетенции е клучно за успехот на денешниот пазар на труд.

Проектот GTC ја нагласува клучната улога на социјалниот дијалог во управувањето со процесот на двојна транзиција. Затоа, без опсежен дијалог помеѓу синдикатите, работодавачите и владите, помала е веројатност дека спомнатите можности што ги носи двојната транзиција ќе се реализираат, а предизвиците можат да доведат до социјално исклучување и влошување на работењето. Процесот на двојна транзиција може да придонесе за поодржлива, поиновативна и поконкурентна економија која не ја загрозува климата и го подобрува квалитетот на животот на Европјаните.

#5 Двојна транзиција во челичната индустрија: Резултати од национално истражување и сумулационите работилници во рамките на ГТЦ – прв дел

Индустријата на челик во Европа се соочува со двојна транзиција така што го намалува својот еколошки отпечаток, додека истовремено ја применува дигитализацијата и автоматизација на процесите. Двојната транзиција во полската челичана со долга традиција и словачката челичана со голем обем на работа претставува интересен пример за синергија на зелените и дигиталните промени во неповолни пазарни услови. Студијата на случај на овие две компании била предмет на истражувања и симулациски работилници во рамките на проектот „ГТЦ – Раст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктуирањето на работното опкружување кое се менува“. Целта била размена на знаења меѓу синдикатите и работодавачите во контекст на двојната транзиција во индустрискиот сектор во 7 партнерски земји – Полска, Словачка, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Шпанија.

Случај на полската челичана

Полската челичана, чија примарна дејност е преработка на челичен отпад, имплементирала иновативна технологија за топло валани челик, која значително го намалува времето на обработка (од два часа на 45 минути) и ја намалува потрошувачката на енергија и емисијата на CO2 за 60%. Воведувањето на современи системи за екстракција на прашина и затворање на простории дополнително ги подобрило условите за работа и ги минимизирало емисиите надвор од постројката. Успехот на трансформацијата е резултат на примена на прецизни технолошки решенија кои ги намалуваат трошоците за производство и влијанието врз животната средина, позитивниот став на работниците кон еколошките промени, како и континуирано следење на параметрите на емисија од страна на специјализираните единици. Меѓутоа, и понатаму е неопходно да се посвети внимание на предизвиците како што се потребата за понатамошно вложување или обука на работниците за новите процеси.

Случај на словачката челичана

Челичаната во Словачка имплементирала сеопфатна стратегија за одржливост чија цел е намалување на емисиите, оптимизација на производствените процеси и дигитализација. Употребата на алатки како што се вештачката интелигенција и големи количини податоци како резултат имала заштеда од 30 милиони евра годишно. Клучен аспект на оваа трансформација бил социјалниот дијалог помеѓу работодавачот и синдикатот, кој што овозможил да се избегнат масовни отпуштања со помош на преквалификација на работниците и програми за доброволно напуштање на работното место. Факторите на успех вклучувале унапредување на дигиталните технологии што го поддржуваат производството, стабилен социјален дијалог насочен кон спречување на негативните ефекти од реструктуирањето и партнерство со словачката влада кое го стабилизирало нивото на вработеност.

Заклучоци

Во двата случаи се забележува дека успехот на двојната транзиција зависи од интеграцијата на технологијата со заштитата на животната средина и друштвената ангажираност. Искуството на Полска покажува како современите технологии можат да донесат и економски и еколошки бенефити, додека примерот на Словачка ја истакнува важноста на трипартитниот социјален дијалог во контекст на реструктуирањето. Трансформацијата во индустријата на челик бара пристап од повеќе агли во кој технологиите, луѓето и стратегиите за развој обединето работат за постигнување на одржлива иднина.

#6 Студии на случај на двојна транзиција во компании за рециклирање и телекомуникации: Резултати од национално истражување  и симулациски работилници во рамките на проектот ГТЦ – втор дел

Светот во овој момент се соочува со предизвици кои истовремено бараат технолошка иновација и внимание насочено кон одржливоста. Процесите на дигитализација и декарбонизација, познати и како двојна транзиција, стануваат клучни елементи на стратегиите на бројни компании. На примерите на компанијата за рециклирање во Северна Македонија и компанијата за телекомуникации во Црна Гора, гледаме дека ваквиот пристап не само што овозможува соочување со глобалните предизвици, туку носи и конкретни економски и општествени бенефити. Студијата на случај на овие две компании била предмет на истражување и симулациски работилници во рамките на проектот „ГТЦ – Раст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктуирањето на работното опкружување кое се менува“. Целта била размена на искуства меѓу синдикатите и работодавачите во контекст на двојната транзиција во индустрискиот сектор во 7 земји партнери – Полска, Словачка, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Шпанија.

Одржливост на компанијата за рециклирање во Северна Македонија

Компанијата за рециклирање од Северна Македонија претставува пример на компанија која комбинира дигитализација и декарбонизација во рамките на двојната транзиција. Од своето основање во 2011. година, компанијата стекнала репутација на лидер во областа на одржливост во регионот благодарение на иновативните процеси на управување со отпад и имплементација на напредни технологии. Покрај рециклирањето на метали, компанијата започнала со производство на единствени производи, како што се гумени подни плочки и пластични клупи.

Трансформацијата на компанијата почива врз дигитален систем за управување со потрошувачката на енергија, со цел на оптимизација на процесите и намалување на влијанието врз животната средина. Работниците активно учествувале во планирањето на промените, што придонело за успешноста на промените. Компанијата исто така вложила во обука на работниците, што им овозможило да се прилагодат на новите технологии. Предизвиците, како што е недостатокот на квалификуван кадар, биле ублажени со програми за доквалификација.

Резултатите од овие мерки вклучуваат намалување на емисијата на CO2 и развој на иновативни производи, што на компанијата ѝ овозможило не само да постигне еколошка ефикасност, туку и да стане конкурентен учесник на пазарот.

Работа од далечина и дигитализација во компанијата за телекомуникации во Црна Гора

Црногорската компанија за телекомуникации, како дел од мултинационална корпорација, ја користи дигитализацијата како основа на своето работење. Пандемијата на вирусот COVID-19 ја забрзала имплементацијата на работа од далечина, која стана важен дел од нејзиното функционирање. Флексибилните модели на работа од далечина им овозможува на работниците да постигнат баланс помеѓу деловниот и приватниот живот, додека истовремено ја зголемуваат продуктивноста.

Компанијата моментално планира формализација на правилата за работа од далечина и имплементација на хибриден модел на работа како траен дел од својата организациска култура. Имплементацијата на овој модел бара преговори со синдикатите за прашања како што се заштита на правата на работниците, плаќање на прекувремена работа и обезбедување ергономски услови за работа од далечина.

Трансформацијата со себе носи и предизвици, како што се зголемување на нивото на автоматизација и последично намалување на бројот на работни места. Како одговор на ова, компанијата и синдикатите заедно работат на програми за преквалификација за да им овозможат на вработените да се прилагодат на новите барања на работните места.

Фактори на успех на двојната транзиција

  1. Вложување во технологија – дигитализацијата и автоматизацијата придонесуваат за ефикасност и намалување на трошоците.
  2. Учеството на работниците – со активно учество во процесот на трансформација се обезбедува прифаќање и поддршка на промените.
  3. Социјален дијалог – соработка помеѓу раководството и синдикатите обезбедува поддршка за праведни иновации.
  4. Регулаторна поддршка – користењето на програми за поддршка и усогласеноста со еколошките прописи го поттикнуваат остварувањето на целите на трансформацијата.

Примерите од Северна Македонија и Црна Гора покажуваат дека со вистинска комбинација на технологија, учество на работниците и надворешна поддршка може да се постигне успех како во областа на одржливоста, така и во областа на дигитализацијата.