МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ССЕРИ: Тотално лудило и тотален хаос во АД ЕСМ

📌 Продолжува загриженоста на СО на АД ЕЛЕМ при ССЕРИ за компанијата и работниците!
👉 Тотално лудило и тотален хаос во АД ЕСМ (ЕЛЕМ)
Во самиот наслов на уредбата која ја носите само два дена по најавената оставка на Премиерот и кризата во електроенергетскиот систем за која во повеќе наврати укажувавме, а вие не убедувавте дека не е така, не стои дека вие не доведовте до оваа кризна состојба.
Имено во уредбата отворен цитат„ Уредба за критериуми и услови за прогласување на кризна состојба во случаи на ВРЕМЕНСКИ И ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ,ХАВАРИИ И НАРУШУВАЊА НА
ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, начинот на снабдување со електрична енергија, во кризна состојба, мерките што се превземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности “ затворен цитат , не стои дека поради неспособноста и незнаењето на раководните структури во електроенергетскиот сектор доведени сме до недостаток на електрична енергија.
Тоталното лудило оди до таа граница да сега компанијата која во изминатите 30 години ги подмирува и финансира сите лудории, инвестиции, отплата на кредити кон ММФ и Сведската Банка и сите авантури кои до сега се направени, да ја доведете до работ на егзистенцијата и до состојба каде треба истата да побарува средства за купување на јаглен. Трагедијата да биде поголема е што ВИЕ се обврзавте дека до 2028 година ке биде стопирано производството на електрична енергија од токму тие комбинати каде сега грчевито се молите да се стават во погон сите производствени термоелетрични капацитети со цел да се ублажи недостатокот на струја. Како ВИЕ планиравте да ја одржувате стабилноста со електроенергетскиот сектор без
никаков план и стратегија, а вашето импулсното непромислено настапувањ и делување не доведе до оваа НЕЗАВИДНА позиција. Лудилото е толкаво големо, да ВИЕ се фалите дека работите со два блока во РЕК Битола, но притоа да не ја кажувате целата состојба дека двата блока кои работата, работат со половина капацитет (притоа немојте да ја замајувате јавноста со неквалитетен јаглен, бидејки јагленот е
истиот) и произведуваат струја колку да работи ЕДЕН БЛОК, односно на дневна база произведувате 6105 MWh или преведено во производство на час е моќност од 254 МW (податок земемен од 05-11-2021година).
Правејки ги сите ваши лудории и авантури во електроенергетскиот сектор, заборавивте дека ја имате најголемата обврска кон вработените, работници кои посветено и одговорно деноноќно си ги извршуваат своите работни обврски во отежнати услови на работа, изложени на атмосверски влијанија БЕЗ притоа ВИЕ да им обезбедите лична заштитна опрема, која патем е задолжителна да им ја обезбедите и без истата работниците се изложени на опасност а и самите претставуваат опасност и за другите со кои работат. Во овај дел само да Ве потсетиме дека повеќе од три години немате обезбедено лични заштитни одела, чевли и друга лична заштитна опрема за работниците за што самите работници се приморани да си купуваат лична заштитна опрема кој од каде ке стигне и ке се снајде да набави, без притоа да се внимава на степенот на заштита на истата. Со ваквото ваше неодговорно однесување дирекно ги доведувате до опасност и ризик работниците.
Како резиме, со ваквото однесување е загрозен целиот електроенергетски сектор, на неодговорно и расипничко однесување мора да се стави крај, одговорност мора да има.
Цената за неодговорноста и неспособноста ВАША несмее да ја плаќаат ГРАЃАНИТЕ!