- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

ССМ: Работниците од угостителството да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи

Србија нема работници - Работник
216views

Во текот на вчерашниот ден во јавноста беа пласирани информации дека најголем дел од угостителите денеска ги одјавиле работниците, на што како синдикат најосторо реагираме, истакнаа од Сојузот на синдикатите на Македонија. 

„Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување“, велат од ССМ.

Укажуваат дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за вработување да се одјавуваат токму денеска, еден ден пред започнување на мерките со кои се ограничува работењето во овој сектор.

Не е возможно токму вчера и денеска на сите работници да им завршила важноста на договорите за вработување доколку истите биле склучени на определено време, потенцираат од синдикатот. 

За ваквите најави, велат дека Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот – СУТКОЗ заедно со ССМ ќе поднесува пријави до сите надлежни инспекциски служби, како и кривични пријави со цел да се спречат таквите злоупотреби.

Работниците ги охрабруваат, сите прекршувања на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ за да можат навремено да интервенираат и да ги зачуваат нивните работни места.