- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ССМ: Родовиот јаз на плати е најголем меѓу нискоквалификуваните работници

ССМ: Родовиот јаз на плати - Работник
121views

Нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените е едно од најважните прашања на кои работи ССМ.

Јазот на примањата според родот не е во согласност со Конвенцијата С-100 на МОТ за еднакви плаќања, како и на Уставот така и на трудовите закони – Законот за работни односи, Законот за антидискриминација и Законот за еднакви можности на мажите и жените и др.

Advertisement

Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето на родовиот јаз, а преку почитување на Колективните договори може да се дојде до поефикасно решение за надминување на таквата разлика.

Жените се порамномерно распоредени, но забележителна е малата застапеност кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени.

Advertisement

Една од причините за таквата состојба е ниската стапка на синдикално организирање кај женскиот дел од популацијата, нешто што во радениот период мора да се промени.

Здружени со иста цел – Фер плати, еднаква плата за еднаква работа, стои во соопштението на ССМ. 

Advertisement