ЕкономијаМакедонијаНовости

Стопанската комора се чувствува ИЗЛАЖАНО ОД ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ГАРНИТУРИ

   Време за читање 1 минута

Стопанската комора на Македонија се чувствува излажано од претходните владеачките гарнитури. Велат дека биле излажани во ветувањата на политичките елити.

-Сега нема тоа да го дозволиме…Човек ако еднаш или двапати го излажеш, тогаш е глуп. Ние создаваме профит, ја сакаме својата држава и не сакаме да бидеме глупи. Не можеме да бидеме глупи ако создаваме милиони. Сакаме да ја поддржиме секоја влада што ги почитува граѓаните и бизнисите и си ја сака државата. Нашите чекори ќе бидат презентирани пред политичките чинители. Секое искршнување од договореното, ќе биде проследено со наше укажување за да се направи најдобрата состојба. Имаме намера да го користиме правото на претседателот на непотпишување на законите кои се спротивни на интересите на бизнисот, но на начин тоа да се прави 30-от ден, а не првиот ден како досега, изјави претседателот на СКМ, Бранко Азески по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Азески истакна и дека ќе ги искористат позициите и врските со САД и ЕУ и ќе ги информираат за сите потези на следната влада, кои би биле на штета на бизнисот.

-Она што нас ни беше презентирано денес, ги решава најголем дел од нашите проблеми, во делот на парафискалните давачки, во делот на регулаторната гиљотина, во делот на воведувањето на холдингот…Мислам дека во најголем дел се разбираме и сфаќаме дека ќе имаме поинаков пристап кој сигурно нема да биде воинствен, туку на нивото на одговорностите. Ова држава мора да тргне кон правецот на евроатлантските интеграции и да не се срамиме од самите себе, истакна Азески на прес-конференцијата во просториите на Стопанската комора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *