Колумни

Депонијата Русино ги труе Гостивар, нашите сегашни и идни генерации

Роднинско - партиските вработувања - Работник
107views

Автор: Бобан Илијевски 

Загадениот воздух останува еден од најгорливите проблеми во нашата држава, кој сега е засенет од страна на пандемијата на Ковид-19. Можеме да видиме наслови по медиумите поврзани со загаденоста, но не во истата бројка, како пред пандемијата.

Сепак, она што е актуелно веќе подолг период е барањето на Гостиварчани да се дислоцира депонијата Русино. Поради ова барање се создаде и иницијатива, односно еден вид на неформално здружение на граѓани од Гостивар којшто започнаа со ретки протести, за да по некое време протестираат пред рампата на депонијата, наведувајќи дека нема да пропуштаат никој друг, освен возилата на ЈП “Комунална хигиена”. Како што пишува локалниот гостиварски портал “Гостиварпрес”, тие ќе останат пред рампата до 12 август. Се надевам до тогаш дека ќе надлежните органи ќе најдат решение, во спротивно, сигурен сум дека граѓаните чии души се исполнети со бес ќе останат уште десет дена таму.

Не можам, ама никако да разберам зошто постојано Општината и Владата си ги префрлаат топките, додека граѓаните на Гостивар и пошироко секојдневно се трујат од чадот којшто го испушта опожарената депонија. Министерството за животна средина и просторно планирање има надлежност на целата територија на Македонија, па во соработка со општините може да помогне во голем дел да се решат еколошките проблеми, впрочем и тоа е неговата улога.

Тука морам да се согласам со иницијативата “ Стоп Русино“, а во врска со нивните барања да се стават камери. Тоа треба да се направи најбрзо што може, како и да се вработат лица чијашто работа ќе биде да ги следат надзорните камери. Мора да има и санкции за сите оние кои ја палат депонијата, од која целиот град мириса многу лошо, особено навечер.

Сериозно не можам да сфатам како сите ветуваат дека ќе го подобрат животот на луѓето во државава, кога како прво не им овозможуваат да дишат свеж воздух, којшто секако е есенцијален за водење на здравствена живот.

Претендираме да влеземе во Европска унија, но наликуваме на Африка, наликуваме на држава од трет свет. Екологијата е важен сегмент од програмата на Европската комисија која не залудно води зелена политика за сузбивање на климатските промени, а ние до каде сме на тоа поле? Едноставен е одговорот: до никаде. Со нерешавањето на клуч и проблеми што се од егзистенцијално значење не се приближуваме кон РУ, туку се оддалечување, и тоа многу километри, за жал. Во суштина јас сум непоколеблив оптимист, но текот на случувањата во нашата држава буди кај мене дома на резерва кон оптимизмот, но сепак не отстапувам од него.

Секој човек на оваа планета, во нашата мала, но мила Македонија има право на чиста животна средина. Не знам дали знаете но не преземањето на ништо додека народот страда е кршење на човековите права, барем така се гледа во демократизираните земји.
Имаше некои од оние политичари кои велеа дека Европа ќе ја донесат кај нас, но сеуште нема ништо од тоа, с о ми се чини дека повеќе не носат кон државите од трет свет, со кој воедно сме на иста листа во кршењето на работничките права и други области.

Депонијата во Русино мора да се дислоцира и да се направи по европски стандард, а тоа значи да не го загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар и пошироко. Не знам дали оние коишто ја водат државата се свесни дека имаме поголем морталитет од наталитет, што е страшно. Многу луѓе се заболуваат од терминални, односно канцерогени болести токму поради нечистата животна средина.

Како граѓанин на Гостивар ја поздравувам иницијативата “Стоп за Русино” и се надевам дека во најбрзо можно време ќе се најде решение за оваа депонија, а со тоа ќе им се ово6на граѓаните на овој прекрасен град да дишат свеж воздух.

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги изразува официјалните ставови на порталот Работник.