Странци доаѓаат да работат во Македонија, тука има работа, вели Бектеши

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија. Ова го вели министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија. Бектеши рече дека работниците главно доаѓаат од Турција, но дека економските услови во земјава бараат да се либерализираат процедурите и за другите земји.

Речиси над 70% се заинтересирани само за првиот дел од годината…ако е бројката 5000, 70 проценти имаат апликации од бројот 5000, од ​​работници од странски земји кои пазарот на РСМ го гледаат како можност, без разлика дали во градежништвото или во производство. Ова докажува дека во Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа, истакна Крешник Бектеши.