Сугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа и истакнува дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, како што вели, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.
– Сакам да испратам сериозен апел. Треба да продолжат со работа, сите треба да се покажеме државно општествено одговорни затоа што секој застој таму на сите бројни проблеми што ги има 30 години во делот на долговите коишто ги имаат, да не се прават нови, бидејќи тоа е интерес и за државата и за нив, изјави Сугарески, коментирајќи го бојкотот на работата што од изутрина го почнаа машиновозачите, барајќи зголемување на надоместот на плата за квалитет поради зголемен обем на работа и недоволен број на персонал, пренесува Канал 5.
Целосниот текст прочитајте го тука
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024