СУТ со поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија дава силна и солидарна поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар кој ќе се одржи во среда, за линеарно зголемување на платите на здравствените работници за 2,806 денари.

Ние, вработените во приватниот сектор, најдобро знаеме колку е тешка оваа ценовна и енергетска криза. Двете, несомнено, удираат значајно по нашите џебови, но и по џебовите на здравствените работници, кои да бидеме реални, не се платени колку што би требало реално да бидат.

Надлежните треба добро да го согледаат нивното барање и да го исполнат – здравствените работници во голема мера го заслужуваат тоа.

На нас останува да им дадеме огромна поддршка и солидарност и да се надеваме дека државата ќе излезе во пресрет на нивните барања.