„Сè е поскапено, лубеница немаме купено, а за сирење да не зборуваме“: Пензионерите на протест во Жена парк
Денеска се одржа протест на пензионерите во Жена парк во Скопје и порачаа дека сакаат поголеми пензии.
Според пензионерите, во моментов не земаат доволно високи пензии за да имаат пристоен живот.
– Бараме минималната пензија да биде 25.000 денари. Струјата е поскапена, парното и водата исто така. За храната да не зборувам. Лубеница немаме пробано, а да не зборувам за сирење и кашкавал, вели една пензионерка.
Во изминатите денови имаше протест на пензионерите и во другите градови. Тие бараа зголемување на пензиите од септември за 3.500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата.
– Го допревме дното, веќе не може вака, линеарно зголемување на сите пензии, не сакаме 6 отсто, сакаме 78 проценти, беа само дел од транспарентите.

