Вести

Како успешно да го организирате својот живот користејќи временски блокови?

Густиот распоред на работа, приватните обврски и недостатокот на време за себе често можат да предизвикаат фрустрација кај луѓето. Не залудно се вели: „добрата организација е половина работа“. За успшено да го организирате својот приватен и деловен живот, препорачливо е да користите временски блокови, тврди бизнис менторот и даночен советник Милан Трбојевиќ.

Еве како да ги искористите временските блокови за максмална успешност:

Google календар

На YouTube постојат кратки туторијали како се користи апликацијата. Крајно е едноставна и сама по себе е разбирлива.

Дополнителниот бенефит е што состаноците преку Google Meet автоматски се зачувуваат во календарот откако ќе ги прифатите.

Поставувајте приоритети секој ден

Првиот чекор е поставувањето на фиксни блокови. Тоа може да бидат блокови за почеток на работата, крај на работата, време за себе, време за семејството итн. Тие не се менуваат и треба да бидат фиксни секој ден.

Започнете да го разложувате секој ден од својата недела

„Најмногу сум продуктивен наутро, па најважни ми се задачите за работа распоредени до пладне“, истакнал Трбојевиќ.

Не заборавајте да ги вклучите вашите рутини

Ова може да звучи неважно, но работите као што се одењето на бербер/фризер, на тренинг и масажа, идеални се за календарот, бидејќи знаеме дека ги очекуваме.

Извор: BIZLife