Правда

ТВОЈА партија: Итно вклучување на приватните болници во борбата против Ковид – 19

ТВОЈА партија - Работник
44views

ТВОЈА партија бара од Владата итно вклучување на приватните болници во борбата со Ковид-19 пандемијата, согласно Уредбите донесени со законска сила и Владина одлука на 23 и 30 март годинава, посебно во услови кога државните болници се соочуваат со исполнети капацитети и се бара легло повеќе за тешко заболените.

’’Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и терапија ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи, за укажување на здравствени услуги на пациенти заболени од заразната болест Коронавирус COVID-19. Фондот за здравственото осигурување на Република Северна Македонија склучува договор со кој ќе ги договори обемот и видот на здравствените услуги кои здравствената установа од став 1 на овој член ќе ги врши во периодот на важењето на оваа уредба, согласно прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.’

Врз основа на овие уредби и изјавите на Министерот Венко Филипче, потребно е неодложно ставање во функција на сите капацитети на приватните установи во функција на граѓаните и државата да го превземе финансирањето на истото под референтни цени од ФЗО. Потсетуваме дека Уредбите се со важност до 31.12.2020 и бараме итно спореведување на истите.

Со истите Уредби беше донесена одлука тестирањето со ПЦР методата за детекција на коронавирусот и во јавните и во приватните лаборатории да се врши на товар на ФЗО, преку мој термин.

Го потсетуваме Министерот за здравство Венко Филипче дека истиот ден на прес-конференција кажа:
“заврши и анализата, посетата на стручната комисија на приватние лабаратории. Сакам да кажам дека со нивното вклучување, согласно договорите кои што ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот значајно ќе се зголеми…  сите кои што треба да се тестираат или се лекуваат од оваа болест, трошокот оди на сметка на Фондот за здравствено осигурување.“

Во случај да продолжи неприменувањето на овие Уредби, се остава голем простор за сомнеж дека во услови на пандемија и најголема криза, се прави здравствено профитерство брз грбот на граѓаните. ТВОЈА партија предочува дека согласно Уставот и Законите не смее да има дискриминација на пациентите по ниеден основ.
 Истовремено, ги повикуваме истражните органи и инспекциските служби, да излезат на терен и да ги проверат сите овие индиции, кои евентуално би спречиле нечие неосновано богатење врз маката на граѓаните.