ПравдаСветот на работникот

Текстилните работнички допрва на удар на пандемијата – секојдневни отпуштања, неисплатени плати и придонеси, омаловажувања

   Време за читање 2 минути

Кате Ордева е една од десетината вработени во штипска конфекција на кои не им е дозволено да се вратат на работните места по завршувањето на принудниот одмор. По 18 и пол години работен стаж и 3 месеци без плата, вели дека е вистинска  уметност да се преживее.

– Тешко, та дури претешко, со една плата сега мажот ми што зема и со 3 дечиња, многу тешко. Немаме здравствено, немаме пензиско (осигурување), децата се осигурани кај мене, значи не дај Боже некој ако се разболи, кој ќе плаќа и кој ќе ги сноси трошоците, изјави Кате Ордева, текстилна работничка.

Низ солзи во очите дел од работничките ги раскажуваа семејните голготи кои ги поминувале.

– Банката секој ден ми ѕвони за кредитите и камати и се, 3 месеци без плата. Јас имам 6000 (рата од кредит), мажот ми 9000 денари. Со која плата да ги платиме, со една плата сум дома, изјави Бисера Кафтанова, текстилна работничка.

На други, институциите им нудат парадоксални решенија за да се спаси човечки живот.

– Мажот ми не може да издржи, а докторот не може да го оперира зашто нема документи. Отидов во Социјалното, ми рекоа да се разведам, зашто тој се води под мене, не е вработен.  Да си поднесам за развод на брак, за да тој може да си ги оствари неговите права, да се пријави под Заводот, за да зема здравствено (осигурување), изјави Силвана Димитрова, текстилна работничка.

За да не добијат отказни решенија поради не дисциплина, односно за 3 дена не доаѓање на работа, тие денес го повикаа трудовиот инспекторат да изврши увид, но и да ги изнесат своите барања.

– Да ни се исплатат 70 % за трите месеци. Знам дека не следува и опремнина од фирмата, доколку од технички причини не пушта под Заводот, зашто не ни обезбедил работа- изјави Кафтанова

Од Гласен Текстилец го повикаа Јавното обвинителство да го разгледа Кривичниот законик во кој стои дека можат се поведат кривични постапки за кршење на правото од работните односи и правото на социјално осигурување.

– Го имаме тоа како механизам, го имаме во Законот, треба институциите да почнат да го користат, изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец.

Ампева додаде дека, префрлањето на капиталот од една во друга фирма во последно време е зачестена појава, а главни губитници се работниците.

Извор: Сител