Наука

ТЕРАПИЈА СО МУЗИКА: Истражувањата тврдат дека слушањето музика од Моцарт ги ублажува епилептичните напади

Истражувањата тврдат дека слушањето музика од Моцарт ги ублажува епилептичните напади - Работник
167views

Слушањето музика од Моцарт не само што предизвикува задоволство, туку може да има ефект врз подобрување на здравјето, докажаа канадски научници, тврдејќи дека композициите на австрискиот композитор го намалија бројот на напади кај пациенти кои страдаат од епилепсија.

Според Светската здравствена организација (СЗО), епилепсијата, најчестото невролошко нарушување, зафаќа приближно 50 милиони луѓе ширум светот.

Спроведено истражување на една Соната од Моцарт

Резултатите од една помала студија објавена во списанието „Епилепсија опен“ може да бидат клучни за откривање на потенцијалните медицински придобивки од музиката.

Истражувачите ја користеле Моцартвата „Соната за два клавира во Д-дур, К 448“ и преработена, пожива верзија на истата соната за да испитаат дали тоа ќе има позитивен ефект врз епилептичните напади на пациентите.

„Во последните 15 до 20 години научивме многу за тоа како слушањето музика од Моцарт им помага на пациентите со епилепсија и ја намалува зачестеноста на нападите“, рече главниот автор на студијата, д-р Марјан Рафие, од Институтот за мозоци во Торонто.

„Досега нема одговор на прашањето дали слушањето на друг аудитивен стимул или контролната патека ќе има сличен ефект“, додаде Рафие.

Сепак, лекарите не се определија за состав од друг композитор, но делумно ја сменија музичката структура на оригиналната верзија на соната на Моцарт.

Учествуваа тринаесет пациенти

Во повеќемесечната студија се вклучени 13 пациенти поделени во две групи. Една група ги слушаше споменатите сонати од Моцарт секој ден три месеци, а потоа за уште три месеци поживата, модифицирана верзија на истиот состав, пишува списанието Neuroscience. Во втората група, редоследот на слушање беше обратен. Количината на лекови што им се препишува на пациентите за ова време не се смени, и тие мораа да водат евиденција за зачестеноста на епилептични напади.

„Резултатите од студијата покажаа дека секојдневното слушање на сонатите е поврзано со намалена фреквенција на напади“, заклучи Рафие и додаде дека резултатот сугерира дека „музиката на Моцарт може да се смета и како замена за терапевтска опција за лица со епилепсија“.

Во прилог ви ја споделуваме Моцартовата Соната врз која се направени овие истражувања.

Извор: Index.hr