ПравдаСветот на работникот

Тешко повреден работник во Пробиштип

Тешко повреден работник - Работник
281views

Со тешки телесни повреди се здобил Пробиштипјанец вчера при повреда на работното место.

Полицијата соопшти дека вчера во 16.20 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 15:20 часот во Итна медицинска помош во Пробиштип бил донесен Ј.А.(61) од Пробиштип, кој се здобил со повреда при работа во фабрика во Пробиштип.

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.