Занимливости

Тигар, кој усмрти тројца, оди во Зоолошка градина

78views

Тигар-човекојдец е „обвинет за убиство“ на тројца луѓе во Индија, поради што остатокот од животот ќе го мине зад решетки, во Зоолошка градина, соопштија властите индиската покраина Мадја Прадеш.

Според нив животното е премногу опасно, за да може слободно да скита во природата.

Мажјакот, инаку стар пет години, извршил и напади врз добиток во областа меѓу западната индиска покраина Махараштра и Мадја Прадеш од 2018 година досега.

На крајот, тигарот бил заловен, заспиен и сместен во Зоолошка во престолнината на Мадја Прадеш – Бопал.

Според официјални извори, 225 луѓе биле убиени при напади од тигри меѓу 2014 и 2019 година во Индија.

Извор: Сител