Занимливости

Голем музички настан во Демир Хисар

Почитувани,

Ви го најавуваме големиот музички настан кој е во рамки нa Демирхисарското културно лето, 2022, a со поддршка и организација на локалната самоуправа, 7. рок хепениг кој ќе се одржи на 11.8.2022 (четврток), на градскиот плоштад „8. Септември“, Демир Хисар, со почеток во 20:00 ч.

Како една од бројните традиционални културни манифестации, од година во година станува голем култен настан, што претставува и всушност, огромно задоволство за љубителите на добрата рок свирка.

На овогодинешниот рок хепенинг ќе настапат македонски популарни и познати рок групи, но, она што е новитет за оваа година, е тоа што, ќе настапи и рок група од Република Грција.

Настапуваат:

Sakis Dovolis trio (Република Грција);

Backdoor band (Охрид);

Вел (Битола);

Junkyard (Скопје);

Revelation (Демир Хисар).

Градоначалникот Најдовски, безрезервно и недвосмилено застана со поддршка околу техничко – организацискиот дел во рамките на локалните можности. И, затоа, по тој повoд, упатува и јавен повик – покана до сите заинтересирани сопственици (или нивни претставници) на угостителски компании, да дојдат на координативен состанок во неговиот работен кабинет, а сè со цел да се дефинираат и утврдат протоколарните активности.

На сите заинтересирани локални угостителски компании ќе им биде отстапен простор за поставување продажни штандови – шанк, фрижидери, барски столчиња, масички и сл.

Во тој контекст, доколку сте заинтересирани, Ве повикуваме на заеднички договорен состанок на којшто ќе бидете информирани за сите организационо – технички детали и формалности.

Состанокот ќе се одржи на 9. август, вторник, во 11:00 часот, во кабинетот на градоначалникот на Општина Демир Хисар.