Толкување на одредбите за прекувремена работа (Втор дел)

Прекувремена работа (втор дел)
Доколку работникот работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, согласно Законот за работни односи работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
Работодавачот има обврска да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот. Исто така е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.
Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од определениот максимум е должен да изврши прераспоредување на работното време или воведување на нови смени.
Тимот на Јуридика