Останато

Тренчевска до владиката Петар: Времето на инквизицијата помина. Богохулие е отровот што го сееш

Жената не бара повеќе права, бара исти права и исти можности како и мажите, но владико, тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш.

Вака министерката за за труд и социјална политика Јована Тренчевска вчера во објава на својот личен профил на Фејсбук реагираше на велигденското излагање на митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, во кое тој ја искритикува идеологијата на родовата еднаквост, но и феминистичките здруженија кои, како што рече, бараат повеќе права, а не се свесни дека тие со себе носат и поголеми обврски.

„Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51 отсто од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството“пишува во фејсбук статусот министерката Тренчевска