Три од пет испитаници рекле дека водењето на бизнисот им е тешко – Како да се надмине кризата?

Анкетата во која учествувале 1,000 шефови на мали и средни компании покажала дека две третини од оние кои ја водат својата работа од пред пандемијата, признале дека последните две години биле најмногу исполнети со предизвици во нивното работење, пишува Telegraf Biznis.rs.

Прибилижно половина од нив (47 %) се плашат дека во наредните 12 месеци ќе биде уште полошо, пренесува британскиот The Sun.

Три од пет испитаници (62 %) рекле дека пателе од несоница поради грижата за својата работа.

Повеќе од еден од 10 испитаници (12 %) веруваат дека постои голема веројатност дека ќе престанат да работат во наредните 12 месеци.

И покрај тоа дури 44 % од нив работат преку викенд, 36 % работат повеќе од шест месеци без одмор, а третина работат седум дена во неделата.

Со оглед на моменталните предизвици, три од пет испитаници признаваат оти сметаат дека водењето на работата им е стресно. Четвртина од нив го игнорираат финансиското здравје на своите компании, загрижени за реалната слика.

Меѓутоа, охрабрувачки е тоа што испитаниците се обидуваат да преземат поголема контрола над своите финансиски ситуации на начин што се усовршуваат преку користење на финансиски апликации (31 %) и учејќи од претходните грешки (53 %).

Како резултат на тоа, 56 % се чувствуваат финансиски попаметни по неизвесната глобална пандемија.

Повеќе од четвртина (27 %) чувствуваат дека повторно го контролираат своето работење откако искусиле таква незвеснот, а секој петти (21 %) се чувствува посилен како сопственик на компанија, откако го унапредил своето знаење за финансиските на своето работење.

Сенди Рудок, сопственичка и ко-основачка на „Scarlett&Mustard“ рекла дека најголемиот предизвик со кој се соочила нејзината компанија е „се поголемиот трошок на суровини“.

Без да сакаме ги покачуваме цените за да го избегнеме влијанието врз нашите купувачи, а тоа е голем притисок со кој мораме да се носиме. Меѓутоа, од повторното покренување на нашите веб страни минатата година, нашата продажба порасна за 80 % и сега се остварува онлајн исклучително преку PayPal. Тоа навистина помогна во ублажувањето на некои од поврзаните стресови и секако би им препорачала и на другите сопственици на малите компании кои чувствуваат притисок да вложуваат во своето присуство на социјалните мрежи за да поттикнат раст – рекла таа. 

Фото: Shutterstock