Три „состојки“ за успех не вклучувајќи ја упорноста: Што учиме за себе од повторените грешки?
Американскиот бизнисмен и милионер Мет Хигинс, инаку коосновач и главен извршен директор на RSE Ventures, смета дека на сите успешни луѓе заединчка им е една вештина.
Спротивно на популарното верување, „слепата упорност“ не е важна, смета Хигинс.
– „Обидете се посилно“ не значи дека треба да го „пробате истото“. Најуспешни луѓе се оние чија почетна идеја ни малку не се поклопува со онаа пет години подоцна, додава тој.
Сепак, смета дека на луѓето им е потребно време да ги прифатат радикалните идеи, особено кога создаваат нешто ново.
– За да бидете успешни во животот… морате да носите малку пркос, малку борбеност, додека луѓето не се појават на крајот, појаснил милионерот.
Како да изградите самосвест?
Со цел да изградите самосвест, започнете така што ќе идентификувате во што сте добри, во што сте лоши и што ви е важно, рекол поранешниот потпретседател на Google, Хјуз Џонсон.
Луѓето кои ги повторуваат своите грешки се‘ уште немаат изградено самосвест, забележал Хигинс.
– Луѓето кои имаат тенденција да ја прават истата работа одново и одново… тоа е затоа што се плашат да се соочат со своите внатрешни демони, рекол Хигинс, додавајќи:
– Сосредотечете се на својот ум и тренирајте го гласот во својата глава да ви биде сојузник, а не ваш најголем клеветник, заклучува тој.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: John Lamparski / Getty images / Profimedia
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024