Трошоците поврзани со работата и нивно надоместување
Време за читање 1 минута
Трошоците поврзани со работата и нивно надоместување
Работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за: 1) службено патување, 2) теренски додаток, 3) користење на приватен автомобил за службени патувања, 4) одвоен живот од семејството и 5) смрт на работникот или член на неговото семејство.
Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и дополнително може да се уредува со колективен договор, кој може да биде поповолен во однос на законот. Работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа.
Трошоците за исхрана можат да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.
Latest posts by Портал Работник (see all)