ПравдаСветот на работникот

Тројца штипски здравствени работници позитивни на КОВИД-19

   Време за читање помалку од минута

Во Штип се регистрирани нови шест случаи позитивни на КОВИД-19, од кои тројца се здравствени работници од штипската Клиничка болница, информираше кризниот штаб на Општина Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека резултатите се позитивни за болничар, медицинска сестра и еден лекар специјалист, кој не е од Инфективното одделение.