ПравдаСветот на работникот

Трудовиот инспекторат извршил 504 контроли кај работодавачи за една недела

Трудовиот инспекторат извршил - Работник
162views

Претседателката на Инспекцискиот совет посочи дека Државниот инспекторат за труд на денешната прес – конференција истакна дека во период од една недела реализираал вкупно 504 контроли кај работодавачи.

„Фокусот во изминатите неколку дена беше ставен на компании од Штип, но и во Тетово, каде се појавија определени кластери на заболени. За периодот од 27 мај до 3 јуни од страна на овој инспекторат донесени се 4 решенија и 20 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата“, рече Филиповска- Грашкоска.

Филиповска-Грашкоска соопшти дека инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, имаат реализирано најголем број, односно 11.504 контроли, што е и разбирливо, ако се земе во предвид дека нивните надлежности во овој период се и најобемни, особено во деновите по започнувањето со работа на кафетериите и угостителските објекти за кои беа усвоени посебни протоколи, но контроли на други трговски објекти на големо и мало, аптеки, бензински станици, обложувалници, банки и пошти.

„Државниот пазарен инспекторат беше особено активен. Само во првиот ден по воведувањето на протоколите за угостителите, на 28 мај, се направени 676 контроли и поради утврдени недоследности во почитувањето на протоколите, првиот ден се изречени само усни укажувања и опомени. Поради многу пропусти во првиот ден,  важно е да се истакне дека се премина на подрастично санкционирање на прекршувањата и изминатите неколку дена предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за флагрантно кршење на Законот и протоколите.

Воедно се затекнати и нерегистрирани угостителски објекти во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Куманово. Вчера сите бевме сведоци за флагрантното кршење на протоколот од еден угостителски објект во Скопје, кој работеше во затворен простор и каде беше затекнат претседател на опозициска партија, ДПИ постапува по овој случај и ќе биде преземена соодветна санкција“, кажа претседателката на Инспекцискиот совет.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски се надоврза на актуелната ситуација со почитување или непочитување на протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти, при што истакна дека инспекторите ја извршуваат својата работа потполно професионално и неселективно, во насока на заштитата на јавното здравје, а секое прекршување соодветно се санкционира.

„Одреден број на угостители и трговци го прекршуваат добриот тек на почитување на мерките. Од минатиот четврток до сега поднесени се 28 кривични пријави, како и 38 прекршочни пријави, а затекнати се и 47 нерегистрирани даночни обврзници од областа на угостителството. Апелирам инспекторите да бидат оставени ревносно да ја вршат својата работа, да не ги вплеткуваме во политички игри. Институциите се формирани од државата и тие се институции на државата, инспекторите треба да се остават професионално и неселективно да ја работат својата работа“, потенцираше директорот на пазарниот инспекторат Пауновски.