Трудов сектор на Левица: УКИНАТИ ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА

Фејсбук статус на Трудовиот сектор на Левица:
УКИНАТИ ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
⚠️Поранешниот директор на ЈП „Водовод и Kанализација“ за да не исплати додатокот на плата на вработените го сменил Колективниот договор.
Директорот Душко Весковски и претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски, склучиле спогодба за регрес на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година во износ од 3 илјади денари иако во Колективниот договор е предвиден повисок износ.
Спогодбата е склучена во 2019 година а треба да важи ретроактивно за трите години наназад 2016,2017 и 2018- што е спротивно на Уставот!
Освен овој надоместок, директорот и синдикатот се спогодиле да не се исплатува новогодишниот надоместок, како и јубилејната награда за работниците кои ги исполниле условите.
🚫Неспособните директори поради лошото управување не можат да обезбедат средства за исплата на додатоци и надоместоци на плата но, алармантно е синдикатот кој треба да биде заштитник на работниците да склучи спогодба која е на нивна штета.
❌️Ваквите спогодби во ЈП Водовод и Канализација продолжија да се склучуваат и во 2021 и 2022 година, кои синдикатот на чело со Дарко Димовски секој пат сојузнички ги прифаќа и потпишува спогодбите.
❗️Апелираме и реагираме во време на криза да не се намалуваат платите и да се исплатуваат надоместоците!