Трудов сектор на Левица: УКИНАТИ ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
Фејсбук статус на Трудовиот сектор на Левица:
УКИНАТИ ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
Директорот Душко Весковски и претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски, склучиле спогодба за регрес на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година во износ од 3 илјади денари иако во Колективниот договор е предвиден повисок износ.
Спогодбата е склучена во 2019 година а треба да важи ретроактивно за трите години наназад 2016,2017 и 2018- што е спротивно на Уставот!
Освен овој надоместок, директорот и синдикатот се спогодиле да не се исплатува новогодишниот надоместок, како и јубилејната награда за работниците кои ги исполниле условите.

