МакедонијаПравдаСветот на работникот

Туристичките агенции најавуваат протест, кризата го уништи секторот

154views

Туристичките агенции пред колапс. Интерес за патувања речиси и да нема, а сезоната веќе одминува. Бараат финансиска помош од државата, во спротивно најавуваат протести.

Туристичките работници велат дека од заработката за време на летната сезона живеат цела година. Со оглед на тоа што годинава речиси и да немаат работа, се плашат дека на есен голем дел од нив ќе стават клуч на врата.

Доколку државата не најде начин како да им помогне на туристичките работници, околу 5.000 луѓе може да останат без работа.

Извор: Лидер