МакедонијаПравдаСветот на работникот

Туристичките работници најавуваат нови протести и блокада на патиштата

Туристичките работници - Работник
71views

Помош од државата или ќе излеземе повторно на протестите, велат туристичките работници кои се едни од најпогодените од пандемијата на коронавирусот. 

Вработените во еден од најпогодените сектори од коронакризата бараат најдоцна до 15 август да се пронајде решение за проблемите со кои се соочуваат. Бараат да се зголеми капацитетот на патници во автобусите, кој сега изнесува педесет проценти, но и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор, а тука покрај превозниците, спаѓаат и туристичките агенции и водичите.

-Прво одлуката беше дека од месец за месец ќе се поднесува за плата, за жал, јули месец помина, а нашиот промет во јули месец, на сите туристички агенции, превозници е незначителен, немавме доволно средства да ги пуштиме платите на вработените, а во овој момент немавни можност да поднесуваме за плата да ни се одобри за месец јули, изјави Ана Марија Алексова – туристички работник.

Повеќе прочитајте на канал5.мк