- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Туристичките работници нема да бидат приоритет за вакцинирање

Објавен јавен повик - Работник
192views

Вакцинацијата почна, но во догледно време туристичките работници нема да бидат ставени на приоритетните листи. Поради тоа најавуваат дека ќе одат на вакцинација во Србија. Од Хотелската асоцијација на Македонија, веќе добиле известување од Министерството за здравство, дека не се приоритет. Но, некои веќе се вакцинирале кај северниот сосед.

„Се одлучив поради тоа што сакам да се посветам на бизнисот. Јас како туристички работник чекам да ги посетам моите партнери во Азија, каде ме чекаат за склучување на договори за 2022 година… Ние без вакцинирање не можеме да бидеме безбедна туристичка држава за странски гости и мислам дека ќе останеме како црвена зона за сите туристички дестинации“, рече Филип Стефановски, туроператор.

И сопствениците нa угостителски објекти од Охрид, деновиве ќе заминат на вакцинирање во Ниш.

„Интересот е голем. Се размислува на тоа, секој објект, на еден ден да затвори, односно да престане со работа еден ден или два, како целиот персонал наеднаш би отишол на вакцинирање и да помине оној период на стекнување со имунитет. Веќе сакаме следниот период тоа да го направиме, следните десет дена“, изјави Михаил Мишев, претседател на здружение на угостители на Охрид.

Од Хотелската асоцијација уште на почетокот на февруари побараа да бидат во приоритетните групи. Од ХОТАМ, рекоа дека ако се сака да има домашни и странски гости, тие мора да бидат сигурни дека ќе бидат сместени и услужени од безбеден персонал. Остануваат на ставот дека тоа е првиот услов за земјава да се нуди како безбедна дестинација за патување. Од туристичкиот сектор бараат да се најде начин како да се вакцинираат сите туристички работници што побрзо. Во Македонија има помеѓу 15.000 – 20.000 туристички и угостителски работници.

Извор: АлсатМ