- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Угостителите го чекаат зеленото светло и новите протоколи од Владата

Од денеска угостителските објекти - Работник
276views

Долж  кејот на реката Варадар, каде се наоѓаат голем дел од рестораните и кафичите, можеше да се слушнат македонските евергрини.

Дел од угостителските објекти со целосно изменет изглед. Сопствениците на терен со своите вработени ги прават и последните подготовки за своите гости за кои велат ќе се погрижат во целост за нивното внимание. Масите и столиците се наместени, персоналот подготвен з апрвите гости.

Advertisement

Така наречените љубовни сепарина биле идеја на самите сопственици, со цел да им понудат на своите гости удобност и сигурност. Свесни за состојбата, појаснуваат дека ќе работат согласно насоките на Владата, во моментот велат ќе работат со педесет посто од капацитетот но и со очекувано намален приход. За инвестицијата која во моментот ја прават се надеваат дека на подолг рок ќе успеат да ја оправдат со позитивен профит.

Со дел од сопствениците на рестораните  со кои поразговаравме велат  дека цените  ќе си останат исти без разлика на тоа што ќе се соочат со намален профит. Доколку има промени тоа ќе го направат согласно џебот на граѓаните

Advertisement

Граѓаните со кои поразгховаравме велат дека им недостига социјалниот живот, доколку утре се отворат угостителските објекти ќе испијат кафе  почитувајќи ги мерките.

Угостителите беа првите кои ги затворија своите кафулиња и ресторани на 15 март како една од мерките за заштита за здравјето на граѓаните и заштита од шитење од коронавирусот во земјава. Со тоа, овој сектор, беше еден од најпогодените, а многумина од вработените беа отпуштени.

Извор: Канл 5

Advertisement