Светот на работникот

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде: лице кое не е во работен однос; вработено лице; самовработено лице; лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос; студенти; корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и странец кој има регулиран престој согласно закон“, појасни тој.

Согласно овој закон лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи.

„На овој начин ќе имаме граѓани кои ќе можат дополнително да заработат, држава која ќе наплати повеќе давачки и работодавачи кои ќе можат да ангажираат повеќе работници. За прв пат во историјата на Република Македонија се усвои еден ваков закон кој од зачетокот на независноста е барање на работниците и работодавачите“, објави Мицевски.

На усвојувањето на Законот реагираше Кристина Ампева, Претседателка на „Гласен Синдикат“. Во статусот таа напиша:

Бидејќи добивам куп пораки за законот и што мислам, еве на кратко да го објаснам.

‼️Лани кога пробаа да го носат, бев прва која удри против овој закон бидејќи беше споменат во контекст дека плата ќе се дава на рака. ⚠️Дозволуваше работа во дејности како угостителство и градежништво каде имаме најмногу сива економија, односно плати во плик и непријавени работници.

😉Годинава додека го носат, си ќутам од проста причина што овој закон опфаќа неколку дејности како што се нега и грижа во дом, земјоделие, храна и толку.

👉Не ми значи апсолутно ништо бидејќи нема да биде ставен во функција и се имплементира никогаш.

Толку едноставно. Така да, ако беше нешто штетен , па ќе дигав врева ко вообичаено. Па ќе мораа пак да прават измени како што правеа изминатиот период за да ги отстранат дејностите и слабостите кои лани ги потенциравме како организација.

Штом молчам, значи нема ништо за грижа. Зошто? Зошто не ви го објаснуваат целиот закон. Таму пак ќе има сива економија бидејќи такви се дејностите. (Нега во дом , грижа за стари и млади деца, земјоделие, услуги со храна. )

👉⚠️Наместо да јакнеме капацитети на институциите како трудов инспекторат, наместо да донесеме нов систем за евиденција на работно време кој нема да се злоупотребува и на тој начин не се исплаќа реалниот труд, наместо да покачиме плата, ние си ги губиме работоспособните луѓе, па сега деца и пензионери ќе ангажираме. Со законов!

👉📣Е сега си мислам да не е пробен балон за зголемување на старосната граница ваков еден закон.

‼️Или ако ги прошират дејностите па да пробуваат младите кои ги избркаа да ги заменат со пензионери

Ама тогаш ќе си реагирам како што доликува на еден синдикалец.

‼️За ова без гајле, процентот на лица кои ќе гокористат и бидат под

законов е 0.01 %.